Традиционално како и секоја година така и оваа 2020та ЗПСК КОЖУФ Гевгелија ја стартуваше со искачување на врв Чичи Каја 1767м. на нашата Кожуф планина. Планинарите акцијата ја стартуваа од под Асана Чешма до врв Чичи Каја и назад, со што поминаа 8км и совладаа висинска разлика од 558м. Со оваа акција ја отвараме новата 2020та година со надеж дека и оваа година ке ни биде успешна како и претходната со многу акции и активности и нови членови.
