Илинденски на врв Двете Уши 1766м.

Втори август Илинден, еден од најголемите македонски празници, нашиот Клуб реши да го одбележи со искачување на врвот Двете Уши 1766м. врв кој се наоѓа на Кожуф планина.

Недела 2ри август рано наутро со превоз комби и автомобили група од преку 40 планинари и љубители на природата се упатија во село Конско или поточно нашиот Планинарски Дом Томе Шутов – Кротки, во домот планинарите ги завршија последните подготовки за старт на акцијата, а воедно беа послужени со кафе и чај како и секогаш кога стартуваме од нашиот дом. Водичот на денешната акција нашиот искусен член Митров Лазар им ја опиша патеката и им даде насоки за движење со што ја стартуваше групата која беше составена од 26 планинари. Остатокот од планинарите една група остана на домот со што приготвуваше ручек ( планинарско гравче ) а друга група имаше работна акција. Групата за планинарење откако ја стартуваше акцијата од Планинарскиот Дом преку Манчева Пресека се искачија на Сиглица место кое се наоѓа на 1200м. а од овде беше искачен врвот Двете Уши. Планинарите на врвот пристигнаа околу 11 часот при што направија поголема пауза на самиот врв, а на врвот му беше доделена и планинарската книшка на нашиот нов член Никола Карамучев кој веќе неколку пати учествува во нашите планинарски акции, книшката во отсуство на Претседателот на Клубот му беше доделена од страна на водичот на оваа акција Лазар Митров.
Откако планинарите се одморија на врвот, тргнаа назад по истата патека кон Планинарскиот Дом со што испешачија вкупно 16км со совладена висинска разлика од 1125м. и така ја завршија и оваа 26та планинарска акција од оваа година.

Втората група задолжена за работна акција и решавање на дефектот со водоснабдување на домот, се упати кон каптажата која е на неколку километри над домот каде по неколку часовно работење чистење на изворот, успешно ја сработи својата задача и дефектот беше отстранет со што домот повторно е снабден со чиста и питка вода, мораме да ги пофалиме нашите членови кои работеа на отстранување на дефектот, а тоа се Владимир Павлов, Саше Динев и Мијо Петров.
Откако двете групи си ги завршија своите обврски и задачи, сите заедно во Планинарскиот Дом го прославивме празникот Илинден. 

Погледнајте ја галеријата со фотографии од денешната акција до врв Двете Уши 1766м. по повод големиот празник Илинден.

Провери

Одиме на Врв – Родители и Деца

Одиме до врвот кој Ве освојува, со нешто Величествено Ве спојува. Нема зборови со кои …

Напишете коментар