Викендов кој измина според календарот на активности на ЗПСК КОЖУФ Гевгелија за овој месец ни беше предвидено како 27ма акција од 2020та година посета на селото Ума, а посетата се совпадна и со панаѓирот на селото.
Селото Ума или како што можеме да го сренеме во некои стари мапи и под името Хума, се наоѓа во пазувите на планината Кожуф, сместено на височина од 850м. и спаѓа во областа Влахомеглен, таа е етно-географска област со општини и котлини во северниот дел на Егејска Македонија ( денешна Грција ). Во XIX век, Ума било христијанско влашко село во рамките на Гевгелиската каза на Отоманското Царство. Ума порано било село со околу 500 Власи со христијанска вероисповед. Денес, тоа е практично иселено и функционира како викенд-населба. Атарот на селото Ума се простира на површина од 42,3 км квадратни, и е одалечено од Гевгелија на 20км, во селото има црква од XIX век Св.Пантелејмон, а истоимениот празникот е и празник на селото ( панагир ) па по тој повод нашиот Клуб реши овој викенд да реализира акција до с.Ума со што како Клуб да го одбележиме празникот на селото.
Така во неделата 9ти август рано наутро уште во 6 часот група од 27 планинари со превоз тргна од Гевгелија кон село Конско и нашиот Планинарски Дом Томе Шутов – Кротки, во домот припреми за старт на акцијата и во 7-30 часот тргнавме кон село Ума, во групата имавме и некои нови на кои оваа акција им беше прва па се движевме со побавно темпо по стариот шумски пат кој поминува покрај ловиштето Милисин и така полека движејќи се по патот со разговори и смеи за 3 часа пристигнавме во селото Ума. Од село Конско до село Ума водичи беа планинарите Карагонова Милена и Атанасовски Кристијан, а во Ума не пречекаа нашите членови Димков Атанас со својата ќерка Надја кои воедно ни беа и домаќини, според планот на Клубот од село Ума предвидено ни беше пешачење до местото Дупен Камен кој е во близина на селото, но според некои добиени информации таа патека била обраснета со дрвја, па падна договор да се оди до старата караула која е над селото а позната е како караулата со летнат кров бидејќи на времето кога војската на тогашна СФРЈ ја правела оваа караула на два пати силни ветришта го соборуваат кровот и потоа е направена друга караула долу во шумата која го носи името Мирче Ацев, по неполн час пешачење пристигнавме на караулата која се наоѓа на височина и од која има добар видик кон врвовите на Кожуф Мала Рупа, Ѕена и сртот Сува Рупа а од другата страна се гледа целото село Ума, овде неколку фотографии за спомен и врќање назад во селото.
Во селото бевме гости кај нашиот член и домаќин Димков Насе каде во неговата викендица одморивме и го прославивме празникот на селото, а потоа повторно назад по истиот пат до село Конско и нашиот Планинарски Дом со што планинарите испешачија 24км со совладена висинска разлика од 668м.
Со оваа акција нашиот Клуб ЗПСК КОЖУФ Гевгелија направи чест на селото Ума и нашите сограѓани кои имаат викендици во селото и го слават празникот Св. Пантелејмон.
Погледнајте ја галеријата со фотографии од денешната акција на ЗПСК КОЖУФ Гевгелија по повод панаѓирот на селото Ума.