врв Раткова Скала 1250м.

Јади, јади Ратко додека ти е слатко !

Викендов кој измина ЗПСК КОЖУФ Гевгелија ја реализираше својата 34та акција од оваа 2020та година, како што имаме ве информирано и порано нашиот Клуб не учествува на акции организирани од други Планинарски Клубови се со цел избегнување на поголеми групирања поради ситуацијата со Ковид 19, па затоа сме усмерени на акции кои самите си ги организираме.
За овој викенд 6ти септември падна одлука да се оди на Осоговските Планини и да се искачува врвот Раткова Скала 1250м., така во неделата рано наутро со организиран превоз група од 23 планинари се упатија кон Кочани каде што беа пречекани од Претседателот на Планинарскиот Клуб Осогово Кочани Тошо Антов кој воедно и ни беше водич на оваа акција. Од Кочани заедно со нашиот домаќин и водич на денешната акција се упативме кон манастирот Св. Пантелејмон од каде е стартната позиција за искачување на врвот Раткова Скала. Врвот Раткова Скала има значајно место во природните вредности на Кочанскиот регион, карпеста убавина надградена со редок растителен и животински свет, го набљудува регионот од надморска височина од 1.250 метри. А легендата за Раткова Скала вели дека во многуте пештери во таа скала имало орлови гнезда каде се изведувале мали орли, а во некои имало пчели, се претпоставувало дека таму биле закопани и многу богатства од античко време. Мештаните од тој крај раскажувале дека оваа скала го добила името по некој Ратко кој често се качувал во пештерите да вади мед, и секој ден останувал се подолго и подолго. Тие го предупредувале да не јаде многу мед, за да не му се слоши.
Му викале: – Јади, јади Ратко додека ти е слатко !
Еднаш се прејал, па му се слошило и паднал во провалијата, од височина од околу 300 м. Па по него останало името Раткова скала.

На истата таа Раткова Скала тргнаа и нашите планинари по питом шумовит терен со мешана шума од габер, бука и иглолисни дрвја, по стрмните рекички кои прават мали водопади, планинарењето е рај за душата. Но кога се доаѓа до под самиот врв се издигнува огромна карпа, дното на карпата е на околу 1000м. надморска височина а врвот на 1250м. за да се совладат овие 250м. на карпата е поставена и сигурносна сајла по која се искачуваат планинарите и љубителите на природата за да стигнат до самиот врв, а врвот го краси метална пчела со кошници за мед која е симбол на Ратковата Скала.
Нашите вредни планинари откако го искачија врвот и како што е ред на секој врв одмор, фотографирање, разгледување на околината, а од Раткова Скала се гледа и историското место Свиланово каде е загинат Никола Карев, откако заврши одморот на врвот планинарите се вратија назад по истата патека со што испешачија 23км.
ЗПСК КОЖУФ Гевгелија упатува голема Благодарност до нашиот колега Тошо Антов кој ни беше домаќин и водич на оваа акција, и заедничката соработка помеѓу двата Клубови Кожуф и Осогово ке продолжи и понатаму со што ги очекуваме наскоро и на нашиот Кожуф.

А овој викенд во саботата нашиот Клуб со 12 члена екипа реализираше акција и на Кожуф планина, со што беше искачен врвот Чичи Каја 1767м.
Планинарите ја стартуваа оваа акција од местото Асан Чешма со што го искачија врвот Чичи Каја 1767м. а по поголем одмор на врвот се спуштија кон седлото на Чичи Каја и продолжија до манастирот Св. Дамјан и Козмо кој се наоѓа во местото Алчак при што беше посетено и малото езерце и акцијата ја завршија на стартната позиција Асан Чешма, планинарите на оваа акција пропешачија 12км а мораме да спомнеме дека најмлад член на оваа акција кој го искачи врвот Чичи Каја беше планинарката со само 7 години.
Така нашиот Клуб ЗПСК КОЖУФ Гевгелија овој викенд реализираше две планинарски акции, а активни беа преку 30 членови, Клубот продолжува активно да работи со планинарски акции и омасовување на планинарството а наскоро ке ве запознаеме со уште неколку нови членови кои ке се приклучат на нашиот Клуб.

Уживајте во галеријата со фотографии од двете акции на ЗПСК КОЖУФ Гевгелија кои се организираа овој викенд.

Фотографии од акцијата на Кожуф планина во која се искачуваше врвот Чичи Каја 1767м.

Провери

5-ти Меморијален Марш “Георге Петков” *

Недела, 21.05.2023 година, живописниот Кожуф иако дожделив и ветровит , ни овозможи да го реализираме …

Напишете коментар