Во периодот од 28.08.2020 до 30.08.2020 според програмата на младинската комисија при ФПСМ , се одржа едукативен
планинарски камп за обука на младински планинарски лидери и формирање на регионални младински секции. Кампот беше во организација на младинската комисија (МК) и центарот за стручно оспособување (ЦСО) при ФПСМ, во соработка со ПСД „Орле“ од Кавадарци.
Локацијата на кампот беше во дворот на планинарскиот дом во
с. Мрежичко, каде што минатата година се одржа Републичкиот едукативен камп за млади планинари.
Целта на кампот е регионализација на младинската комисија, односно формирање на регионални младински секции во сите планинарски клубови и основна обука за младински планинарски лидери (МПЛ).
-МПЛ е планинар обучен за едукација на млади планинари, организација на едукативни и рекреативни кампови и работилници за млади, организација на семинари во и надвор од планинарските друштва, односно во училишта, факултети, универзитети итн., а со тоа и афирмација на планинарството.
На овој Камп ЗПСК КОЖУФ Гевгелија учествуваше со свои два члена и тоа Кристијан Атанасовски и Благоја Марковски, Кристијан Атанасовски минатата година учествуваше на првиот планинарски камп за обука на Планинарски Лидери, а на овој камп оваа година ја потврди обуката со што наскоро ке добие и лиценца како официјален Младински Планинарски Лидер за овој регион, Кристијан како регионален координатор го покрива Југоисточниот регион, односно Беласичко – огражденски планински регион кои ги опфаќа следните планини, градови и општини.
Планини: Беласица, Огражден, Кожуф, Плачковица, Серта (Конечка планина, Градечка Планина и Плауш), Кара Балија
Градови: Струмица, Радовиш, Гевгелија
Општини: Струмица, Ново Село, Босилово, Василево, Радовиш, Конче, Гевгелија, Дојран, Валандово, Богданци.
Периодот кој следува ЗПСК КОЖУФ Гевгелија како организатор заедно со нашиот член Крисијан Атанасовски како регионален координатор на Младинската Комисија при Федерацијата за Планинарство на Северна Македонија, ке почнеме со одржување на планинарски секции за младите со што ке бидат запознаени со планините и планинарството.
Фотографиите се од Младинскиот Камп во Мрежечко кој се одржа август месец.