МОРТО на Кожуф

Оваа година откако се појави пандемијата со Ковид – 19 и ни го промени календарот на активности на Клубот, секој месец правиме нов календар на активности за следниот месец кој доаѓа, така што најмногу сме на нашиот Кожуф и гледаме да имаме разновидни акции по Кожуф. Поради тоа, падна предлог за овој викенд кој измина на 13ти септември да одиме на Кожуфското “Море”, за сите оние кои не знаат на нашиот прекрасен Кожуф има место кое ние гевгеличани го викаме МОРТО, а во некои топографски карти се среќава и под името АМБАР. Името го добило по густата претежно букова шума која не е допрена од уништувачите на планините а тоа е човекот, инаку место викано Морто се наоѓа во подмножјето на врвот Чичи Каја а низ него поминува и реката Цреша која е една од двете реки Цреша и Сливка кои се спојуват во месноста Смрдлива Вода и ја формираат Конска река.

Во неделата на 13ти, 33 члена екипа на ЗПСК КОЖУФ Гевгелија со превоз се упати кон туристичкиот локалитет Смрдлива Вода кој се наоѓа на височина од 740м. од овде и ја стартувавме акцијата, се движиме по широкиот шумски пат кој води кон Золјет Рид и Исирова Пресека, а на околу 2км пешачење од Смрдлива Вода ја преминуваме реката Цреша и над неа скренуваме од патот па продолжуваме по патека, оваа патека е маркирана од страна на ЗПСК КОЖУФ Гевгелија пред повеќе од 15 години и на некои места веќе маркациите се изгубени. Движејки се по оваа патека навлегуваме длабоко во Кожуфското Море каде во долниот дел од патеката се движиме низ самата река Цреша која има сосема малку вода во овој период од годината, доаѓаме до еден карпест предел на височина од 1080м. каде правиме пауза, ова место за пауза неслучајно беше избрано од страна на водичите на оваа акција а нив ги имавме тројца поради поголемата група на планинари и теренот по кој се движевме, а тоа беа Андреј Тодов, Саше Динев и Ристо Каркалашев. Местото за одмор беше одберено бидејќи знаевме дека овде има мала пештера, по направената пауза планинарите влегоа во пешерата да ја разгледаат и да се запознаат со нејзината внатрешност, откако заврши и разгледувањето на пештерата продолживме по нашата маршута продолжуваме да пешачиме по реката Цреша која од овде нагоре нема вода бидејќи понира. Се издигнуваме постепено нагоре и ја оставаме реката долу во нејзиниот кањон а ние одозгоре гледајки го кањонот му се воодушевуваме со што дојдовме до идеја за следна акција во октомври да го испешачиме целиот кањон на реката Цреша. Се движиме нагоре по голема букова шума, постарите планинари меѓу нас ( постари на планинарски стаж ) им раскажуваат на помладите дека овој дел на Кожуф е единствен кој не е допрен од човекот и каде што нема сеча на дрва, раскажуват како што го знаат овој дел кога поминале низ него пред околу 15 години. Но како што поминуваат годините така се се менува па и овде во недопрениот дел на Кожуф, некаде пред да испаднеме на местото Алчак движејќи се по патеката навлегуваме во огромно сечиште на букова шума и на патишта кои се отварат за да се дојде до дрвјата, гледката е запрепастувачка од прекрасна природа веднаш доаѓаш на огромен хаос од патишта на сите страни, испосечени дрвја, отпадоци едноставно УЖАСНА ГЛЕТКА. Овде направивме пауза разговарајќи за ужасот кој го гледаме пред нас и за тоа до каде ке оди човекот со уништување на природата само и само за профит, одовде продолжуваме кон Алчак некако ја пронајдовме маркацијата и патеката која се изгуби во тој неред и хаос. Излеговме на Алчак и од овде се упативме кон малото езерце а од таму до манастирчето Св. Дамјан и Козмо и каде правиме пауза, овде се договорвме еден дел од екипата да ја завршиме акцијта со поминати 13км. и совладена висинска разлика од 1125м. и со нашиот превоз кој не пречека се симнавме на Смрдлива Вода, а другиот дел од екипата ја продолжи акцијата до Асан Чешма со што пропешачија 17.8км и висинска разлика од 1268м.
И така заврши и оваа наша акција со прекрасна маршрута во прекрасна природа но и со разочарување од она што го видовме со уништувањето на Кожуф планина.

Уживајте во галеријата со прекрасни фотографии од нашата планинарска акција која се организираше изминатиов викенд на Кожуф планина.

Провери

5-ти Меморијален Марш “Георге Петков” *

Недела, 21.05.2023 година, живописниот Кожуф иако дожделив и ветровит , ни овозможи да го реализираме …

Напишете коментар