7ми Патронат на Планинарски Дом Томе Шутов – Кротки 2020

И оваа година нашиот Клуб ЗПСК КОЖУФ Гевгелија го организираше по 7ми пат патронатот на својот планинарски дом Томе Шутов – Кротки, планинарскиот дом Томе Шутов – Кротки се наоѓа во село Конско и е одалечен од Гевгелија 20км. Домот е поранешно школо на селото, кое пред околу петнаесетина години нашиот Клуб го реновираше и го користи како планинарски дом, домот го носи името на нашиот долгогодишен член Томе Шутов – Кротки кој ненадејно загина во сообраќајна несреќа, а во негова чест го организираме и овој патронат со што се потсеќаме на Томе Кротки. 

Оваа година патронатот се одржа на 8ми ноември, но поради ситуацијата со Ковид – 19 моравме да го организираме патронатот само за нашите членови а со тоа го ограничивме и бројот на учесници. Во неделата на 8ми нашите членови околу 60тина тргнаа од Гевгелија во 7 часот и со превоз пристигнаа на Планинарскиот Дом, стартот на акцијата беше во 8 часот од самиот двор на домот а маршутата се движеше по традиционалната патека за оваа акција тоа е преку Манчева Пресека и Сиглица се искачуваше врвот Двете Уши 1766м. Иако беше нагласено дека оваа година патронатот ке биде само за наши членови, на стартот се појавија и три планинарки од Скопје кои преку социјалната мрежа фацебоок се информирале за настанот и дошле а овде беа и групата планинари од Прилеп и Битола кои заедно со нашиот Претседател Ристо Каркалашев учествуваа на меѓународната акција во Турција за искачување на врвот Ерџијес Даг 3917м. тоа беа единствените единаесетмина гости на овогодинешниот патронат, не својствено за нас имајќи предвид дека годините наназад на патронатот учествувале и преку 100тина гости но во оваа ситуација со пандемијата оваа беше најдобро решение.

Планинарите се движеа полека по планинарската патека а на делови и по шумски пат во неколку мали групи држејќи дистанца и по протоколите на ФПСМ за организирање на планинарски акции. Првата пауза планинарите ја направија на местото Манчева Пресека од каде има прекрасен видик кон еден дел од Кожуф планина, па на планинарите им беа покажени врвовите Мала Рупа и Зелен Брег како и местото Висок Камен, со што се одморија и продолжија со искачување кон врвот Двете Уши. Следната пауза следеше на местото Сиглица 1200м. каде се собраа сите учесници и од овде следуваше нај стрмниот дел од патеката кон врвот, а овде на Сиглица еден дел од учесниците се вратија назад во домот. Од место Сиглица кон врвот патеката оди низ висока букова шума каде се искачува 500м. висина, овде планинарите се движеа полека и во 12 часот пристигнаа на самиот врв Двете Уши 1766м. На врвот се направи пауза од пола час, неколку фотографии за спомен, а потоа следеше спуштање назад по истата патека и од 15 часот до 15-30 сите планинари пристигнаа на домот, а овде беа пречекани со топол чај и традиционално следеше ручек за секој учесник планинарски грав кој го припреми организаторот на патронатот ЗПСК КОЖУФ Гевгелија.
Водичи на оваа акција беа нашиот Претседател и лиценциран планинарски водич Ристо Каркалашев, а помошник водич беше Андреј Тодов.
Така го завршивме и овој патронат успешно и се потсетивме на нашиот член Томе Кротки, и со надеж дека следната година ке го дочекаме 8миот патронат без пандемии а со тоа и учество на гости од државата па и пошироко.

Уживајте во галеријата со фотографии од нашата планинарска акција по повод патронатот на планинарскиот дом Томе Шутов – Кротки која се организираше изминатиов викенд на Кожуф планина.

Провери

Одиме на Врв – Родители и Деца

Одиме до врвот кој Ве освојува, со нешто Величествено Ве спојува. Нема зборови со кои …

Напишете коментар