Традицијата на ЗПСК КОЖУФ Гевгелија ПРОДОЛЖУВА

Ја завршивме 2020та година и еве дојде 2021ва, нашиот Клуб ЗПСК КОЖУФ Гевгелија веќе долги години наназад годината ја започнува на 2ри јануари или првиот викенд од јануари со искачување на врвот Чичи Каја 1767м. на Кожуф планина. Така ја започнавме и оваа нова година, 2ри јануари се погоди сабота неработен ден а со тоа и шанса да ја продолжиме нашата традиција, 25 члена екипа тргнаа со автомобили од Гевгелија во 7 часот кон Кожуф планина или поточно местото Асан Чешма кое беше стартна позиција за денешната акција.

Кога пристигнавме на Асан Чешма мали припреми и старт на акцијата, оваа маршута од Асан Чешма до врв Чичи Каја е една од најлесните патеки на Кожуф планина со вкупна должина во двата правци од 5.5км и поради тоа е одбрана за почеток на годината колку да се одбележи почетокот на новата година во една релаксирачка атмосвера. Во групата на оваа акција имаше и почетници па така се движевме полека кон врвот, откако се исклучивме од патот и го започнавме искачувањето по планинарската патека се појави и снежната покривка која на места снегот беше и подледен, па така внимателно се движевме и пристигнавме на целта врвот Чичи Каја 1767м. На врвот откако пристигнаа сите планинари Преседателот на Клубот Ристо Каркалашев кој воедно беше и водич на оваа акција заедно со членот на Клубот Дејан Атанасовски отворија шампањско со што планинарите наздравија и си посакаа пред се здравје и успешна нова година со многу реализирана планинарски акции во кои ке се искачат многу планини и планински врвови. А потоа следеше фотографирање и одмор, откако заврши одморот планинарите тргнаа назад по истата патека до Асан Чешма и успешно го завршија искачувањето на врвот и целата акција.

Поради тоа што оваа акција беше кратка, планинарите решија да го исполнат денот и да направат уште една кратка акција и тоа во близина на туристичкиот локалитет Смрдлива Вода. Планинарите од Смрдлива Вода се искачија до водопадот кој се наоѓа во близина и е одалечен само 650м од Смрдлива Вода, до овој водопад има планинарска патека која е маркирана со планинарска маркација пред неколку години  од страна на нашиот Клуб ЗПСК КОЖУФ Гевгелија и е погодна за сите љубители на природата кој сакат кратка прошетка во самата близина на Смрдлива Вода.
И така ја започнавме годината со традиционалното искачување на врвот Чичи Каја, со надеж дека оваа година многу бргу ке ја надминиме ситуацијата со пандемијата и ке можеме слободно да ги реализираме нашите планови со организирање на планинарски акции низ државата, надвор од неа, организирање на нашите традиционални планинарски маршеви по Кожуф планина и да продолжиме со работењето со младите од нашата општина, затоа што целта на нашиот Клуб е промовирање на планинарењето кај младите во нашата општина.

Ја користиме оваа прилика да ви ја чеситаме новата година а во неа ви посакуваме пред се многу здравје и среќни моменти, и ве покануваме сите вие кои сте заинтересирани за планинарење, сите кои сакате да ги почувствувате убавините и придобивките од планината, во новата година да ни се приклучите во нашиот Клуб ЗПСК КОЖУФ Гевгелија.

Погледнете ја галеријата со фотографии од првата традиционална акција на ЗПСК КОЖУФ Гевгелија во новата година.

Провери

Одиме на Врв – Родители и Деца

Одиме до врвот кој Ве освојува, со нешто Величествено Ве спојува. Нема зборови со кои …

Напишете коментар