Престојот во природата го менува расположението и предизвикува промени во размислувањето

Иако е очигледно дека престојот во шума или планинарењето може да го исчисти вашиот ум, тело и душа, науката сега открива дека пешачењето всушност може да го промени мозокот на подобро!

Престој во природата, како и пешачењето, може да ги запре негативните и опсесивните мисли со речиси непосредно чувство на мир и задоволство. Многумина од нас често се наоѓаат преоптоварени со негативни мисли кои буквално може да нѐ доведат за неколку секунди до моментот на депресија и анксиозност. Една неодамнешна студија објавена во Американската национална академија на науките потврди дека поминато време во природа ги намалува таквите опсесивни и негативни мисли.

Природната средина и урбаната средина.
Истражувачите кои го спроведоа истражувањето со споредување на компулсивно размислување на учесниците кои престојуваа во урбаната и природната средина. Оние што престојуваа 90 минути во природна средина потврдија дека нивното компулзивно размислување се намалило и имало намалена невролошка активност во областа на мозокот поврзана со менталните нарушувања. Оние што присуствуваа во урбаните области не пријавија недостаток на таков начин на размислување.
Истражувачите истакнаа дека урбанизацијата е тесно поврзана со зголемените депресивни состојби и други ментални болести. Престојот во природа и напуштање на градското подрачје во голема мера придонесува за нашето психичко и физичко здравје.

Престојот во природа го промовира решението на креативни решенија.
Една студија на психолозите Рут Ен Атли и Дејвид Л. Стрејер покажа дека креативното решавање на проблемите може многу да се подобри со отстранување на технологијата и поврзување со природата. Учесниците на истражувањето тргнаа во природа четири дена, а во овој период не им беше дозволено да користат технологија. Тие беа назначени да вршат задачи кои бараат креативно размислување и сложено решавање на проблемите. Истражувачите открија дека нивната имплементација на решавање на проблеми се подобри за дури 50 проценти.
Тие заклучија дека технологијата и градската бучава се екстремно деструктивни, и тие постојано го одвлекуваат вниманието со тоа што нè спречуваат да се фокусираме, што може да биде штетно за нашите когнитивни функции. Прекрасна прошетка во природата, без технологија, во голема мера може да го смири умот и да го подобри креативното размислување.

АДХД подобрување кај децата.
Нарушувањето на хиперактивноста и дефицитот на вниманието (АДХД) станува се повеќе и повеќе присутно кај децата. Децата кои имаат таква дијагноза тешко може да останат фокусирани, импулсивно реагираат, лесно се расејуваат и покажуваат прекумерна хиперактивност.
Додека одгледувањето на дете со АДХД може да биде предизвик за родителите, класичното лекување може да направи повеќе штета отколку корист. Особено кога природните решенија работат на ист начин.
Неодамна спроведена студија покажа дека изложеноста на деца со АДХД кон природно зеленило и животна средина може значително да ги намали симптомите. Резултатите од студијата покажуваат дека престојот во природата може да придонесе за секој кој има проблем да го одржи вниманието или да ги има карактеристиките на импулсивно однесување.

Планинарењето во природата ја зајакнува моќта на нашиот ум.
Ние веќе знаеме дека вежбата е фантастична за нашата севкупна состојба на телото. Но, планинарењето е одличен начин да согорите 400-700 калории на час, во зависност од вашата големина и тежина на активност, и тоа е по пријатно за зглобовите отколку другите слични активности, како што се трчање. Исто така е докажано дека луѓето кои практикуваат активности на отворено се повеќе склони кон конзистентност и одржување на нивните програми, со што планинарењето е одличен избор за оние кои сакаат да станат поактивни во секојдневниот живот.
Истражувачите на Универзитетот во Британска Колумбија откриле дека аеробната вежба го зголемува обемот на хипокампусот – област на мозокот поврзана со просторната и личната меморија. Таквиот начин на обука не само што ја подобрува загубата на меморијата, туку и помага да се спречи тоа. Истражувачите откриле дека тоа може да го намали стресот и анксиозноста, да ја зголеми самодовербата и да ги ослободи ендорфините.

Како да започнете ?
За среќа, пешачењето е една од наједноставните и најефтини активности кои можат да бидат вклучени и може да има големи бенефити за целото семејство.
Започнете утре, и пробајте ги сите негови предности, направете го она што е добро за вас, ако тоа значи прошетка низ паркот, тоа е во ред. Секоја вежба во отворено е подобра отколку вежба во затворен простор, за среќа пешачењето е една од наједноставните и помалку скапи активности кои можат да бидат вклучени и можат да дадат големи бенефити кон целото семејсво.

Провери

Исхрана и хидрација

За да се апдатирате на студот и на надморската височина и да ја зголемите издржливоста, …

Напишете коментар