Галичица & Шар Планина

Изминативе два викенда ЗПСК КОЖУФ Гевгелија реализираше две акции надвор од нашата Општина, првата акција ја реализиравме на 20ти јуни на планината Галичица по покана од Mountain Maddness Охрид го искачувавме врвот Магаро 2255м.
Галичица е планина сместена помеѓу двете најголеми езера во Републиката, Охридското и Преспанското Езеро врвовите на Галичица нудат неверојатен поглед кон двете езера и околните планини. Оваа акцијата веќе втора година по ред се одржува, и е планинарска еко – тура за искачување на врвот Магаро а во организација на Авантуристички Клуб Mountain Maddness од Охрид, исто така со оваа акција се одбележува и денот на Охридското Езеро. Акцијата стартуваше во 8 часот од местото Липова Ливада која се наоѓа на 1600м. каде беа собрани планинари од повеќе градови од државата околу 450, а нашиот Клуб го претставуваа 28 члена. Патеката во првиот дел се движеше низ букова шума а потоа до самиот врв по отворено, планинарите за 2 до 3 часа сите пристигнаа на врвот, каде што се направи поголема пауза а потоа планинарите почнаа со спуштање од врвот некои по истата патека а други по патеката која одеше десно од сртот и повторно се спојуваше на првата патека, и така сите се спуштија долу на Липова Ливада со што заврши акцијата.

Фотографии од акцијата на Галичица во која се искачуваше врвот Магаро 2255м.

Втората акција ја реализиравме на Шар Планина со искачување на Титов врв 2747м. оваа акција беше во целосна организација на нашиот Клуб. Титов Врв (2747 m), уште е познат како Турчин или Шар и е меѓу најубавите, а воедно и највисок врв на Шар Планина и втор по височина во Република Македонија. Изграден е од мезозојски варовници, доста распукани и оголени. Инаку има пирамидална форма. Околу самиот врв, поради силното мразно разорување се јавуваат камени реки и сипари. Северозападно од врвот е изворот на реката Пена кон која се протега преубав видик, а јужно се наоѓаат неколку глацијални езера меѓу кои најинтересни се Белото и Боговинското.
На акцијата учествуваа 17 наши членови кои со комби во саботата од Гевгелија во 15 часот се упатија кон Попова Шапка, и беа сместени во Хотел Арена Тетекс. Со претходен договор на нашата акција ни се приклучија на Шапка и планинари од Штип, па така сите заедно во неделата рано наутро во 5 часот и 10 минути планинарите ја стартуваа акцијата а искачувањето се движеше по летната патека или како што ја викаат Вакувска патека и се движи по широки ливади, а пред Орлови стени излегува на широк пат, од Орлови стени преку Вакуфски бачила, патеката свртува десно покрај Палчишка река, према подножјето на Бакардан, а потоа патеката се искачува до седлото помеѓу Титов врв и Бакардан, и продолжува по гребенот до самиот врв каде што не пречекува познатата кула. Целата екипа пристигна на врвот за 5 часа планинарење, на самиот врв планинарите направија пауза од еден час со што уживаа во прекрасните гледки, по што следеше официјално доделување на членските книшки од страна на нашиот Претседател Ристо Каркалашев на нашите нови членови Маја Џишева и Костадин Ризов а потоа заедничо фотографирање за спомен и поаѓање назад кон Попова Шапка по истата патека со што акцијата беше завршена успешно во 14 часот и 35 минути со поминати 22км и совладена висинска разлика од 1110м.

Фотографии од искачувањето на Титов врв 2747м.

Провери

Триесетти Традиционален Марш Димитар Илиевски-Мурато 2022

По две години пауза поради пандемијата со Ковид 19 годинава ЗПСК Пелистер Битола повторно го …

Напишете коментар