Планинарска акција РОДИТЕЛИ И ДЕЦА на Кожуф Планина

Во 2019та година ЗПСК КОЖУФ Гевгелија стартуваше проект планинарска акција родители и деца, акцијата беше замислена деца од нашата Општина како и од соседните Општини со своите родители да планинарат заедно, така во таа 2019та првата акција ја реализиравме од с.Конско до с.Серменин и назад со околу 30 деца со своите родители или своите најблиски. Овој тип на акции требаше да продолжи но во 2020та година поради пандемијата со Ковид – 19 немавме можност да организираме и друга ваква акција. По подолга пауза и подобрената ситуација со пандемијата решивме првиот викенд од јули а тоа беше 4ти да реализираме поворно една ваква активност, и акцијата ја нарековме РОДИТЕЛИ И ДЕЦА НА Кожуф планина.

За реализација на оваа акција беа задолжени нашите млади членки Надја Димкова и Ивана Глигорова кои направија план на акцијата како да се одвива цела акција и со кои активности да бидат опфатени децата во периодот додека планинарат. Па така на 4ти јули недела во 8 часот 49 члена екипа од кои 20 деца со своите родители и најблиски како и наши членови кои помагаа во реализација на акцијата со превоз се упатија кон Кожуф планина или поточно местото за старт на акцијата а тоа беше Асан Чешма.
Пред самиот старт на акцијата нашите членки Надја и Ивана  им се обратија на учесниците со што им беше објаснета патеката на движеше која беше со старт од Асан Чешма до манастирчето Козма и Дамјан и малото езерце на Ачакот и повторно назад кон Асан Чешма, им беше посочено дека сме должни да ја чуваме природата и да не расфламе ѓубре, и како да се однесуваат  децата во природата за време на планинарската акција.

Откако им беше објаснето на децата се што е потребно, стартуваше акцијата и се упативме кон целта манастирчето Дамјан и Козма на Алчак до кое за 1час и 30 мин. сите пристигнаа до него, пешачејки по претежно шумски терен, а пред самиот крај учесниците излегоа на отворен предел каде сонцето помалку наѕираше меѓу облаците. По патот децата собираа диви јаготки, билки и направија прекрасни букети од планински цвеќиња кои ги нуди нашиот Кожуф. Децата беа заинтригирани од убавините на природата и поставуваа прашања, а одговорите им беа дадени преку игра, до манастирот Св. Дамјан и Козма, кој се наоѓа на местото Алчак. Ке напомениме дека по патеката беа направени неколку паузи по потреба на учесниците а со тоа  одлично ги совладаа малите планински висорамнини и успешно пристигнаа до зацртаната цел, овде покрај манастирот направивме подолга пауза проследена со пикник и закуски кои беа овозможени од Випро Гевгелија.

Задоволството и среќата на децата се познаваше преку нивната смеа, игра и меѓусебно дружење, а по направената пауза се упативме кон малото езерце кое е во непосредна близина на манастирчето каде децата ги хранеа и набљудуваа малите риби. Овде се направија одлични фотографии  од прекрасните пејсажи со природата, за враќање учесниците имаа избор да се вратат со превозот кој беше организиран од Клубот или да се вратат пешачејки по шумската патека, најголем дел избраа да се вратат назад до Асан Чешма и да ја завршат целата акција со поминати 9.5км додека еден мал дел се спуштија на Асан Чешма со организираниот превоз и поминаа вкупно 5км.  Последниот дел од акцијата беше посета на нашиот Планинарски Дом “Томе Шутов – Кротки” во Коњско, овде децата имаа неколку активности како: цртање, запознавање на домот и околината, играње друштвени игри, и печење маршмелоу бомбони.

Акцијата помина извонредно и ни даде поттик и мотивација за организирање вакви акции во иднина, а планот на ЗПСК КОЖУФ Гевгелија е наредните неколку месеци додека се добри временские услови да организираме по една ваква акција секој месец.. Од големо значење е децата од најмала возраст да се запознаат и едуцираат за планинарењето, природата и нејзините убавини, но и за местото од кое го добиваме свежиот воздух и чистата вода за пиење, а најмлад учесник на оваа акција беше Благоја Љатев со своите 4 години. Најголема благодарност испраќаме до децата, а и до нивните родители кои го овозможија ова за нивните деца.

Провери

Триесетти Традиционален Марш Димитар Илиевски-Мурато 2022

По две години пауза поради пандемијата со Ковид 19 годинава ЗПСК Пелистер Битола повторно го …

Напишете коментар