врв Љуботен 2499м. Шар Планина

Изминативе неколку недели ЗПСК КОЖУФ Гевгелија реализираше планинарски акции на нашиот Кожуф, а според календарот на активности на Клубот следеше планинарска акција на Шар Планина со искачување на врвот Љуботен. Оваа акција беше дводневна и ја реализиравме последниот викенд од месец јули 31ви јули и 1ви август, а поради тоа што беше ден пред нашиот голем празник 2ри август,  акцијата ја посветивме на празникот Илинден.
Врвот Љуботен 2.499 метри, е прв на главното било и срт на Шар Планина, сместен на самата македонско – косовска граница, иако не е највисок врв на Шара, поради своите црти и поради издвоеноста од другите, тој е највпечатлива шарпланинска точка и еден од најубавите врвови на Шара.
Поради својот облик на пирамида, и поради својата забележливост од сите страни и од поголеми далечини, за Љуботен се искористени многу епитети.

Така 19 члена екипа во саботата на 31ви јули со комбe се упатија до стартната точка на оваа акција а тоа беше селото Старо Село кое се наоѓа на височина од 738м. Планинарите по малите подготовки во Старо Село, ја стартуваа акцијата а за првиот ден беше планирано искачување до Планинарскиот Дом Љуботен кој се наоѓа на височина од 1620м. по 3 часовно пешачење низ шумест предел сите планинари пристигнаа на домот, а на домот не пречекаа нашите домаќини од Планинарскиот Клуб Љуботен Тетово кои се сопственици на овој дом. Откако се сместивме во домот, започна една прекрасна дружба помегу нашите членови, членовите од П.К.Љуботен и гостите кои беа присутни во домот тој ден, и така дружбата траеше се до вечерните часови.
Следниот ден недела рано наутро уште во 5 часот ја сартувавме втората етапа од акцијата, за овој ден беше предвидено да се искачи врвот, да се вратиме назад на домот и од таму да се спуштиме во Старо Село од каде што тргнавме претходниот ден. Напред колоната ја водеше нашиот Претседател и лиценциран планинарски водич Ристо Каркалашев а останатите членови еден позади друг се движеа нагоре кон врвот, при искачувањето на врвот беа направени неколку паузи за одмор а воедно да се причекат и оние кои се движеа со поспоро темпо и за три ипол часа сите пристигнаа на самиот врв Љуботен 2499м.

Од 19 члената екипа која го искачи врвот, најмладата учесничка беше Велика Бучкова со своите 16 години, а најстара учесничка која го искачи врвот беше нашата долгогодишна членка Нада Марјановиќ која овој месец ке наполни 75 години, на врвот од страна на нашиот Претседател официјално и беше доделена членска книшка на нашата нова членка Ивана која е од Прилеп, со што стана и првиот член во нашиот Клуб од Прилеп. Во Клубот моментално имаме членови освен од нашите соседни Општини Богданци и Валандово, и од Неготино, Битола и Прилеп, оваа е резултат благодарение на нашата посветеност во планинарењето и голема активност со организирање планинарски акции секој викенд, така полека но сигурно се шириме низ целата држава. По паузата на врвот и фотографирањето за спомен, екипата го започна спуштањето од врвот и за два часа пристигнаа на домот, на домот следеше една поголема пауза па спуштање кон Старо Село каде планинарите успешно ја завршија оваа акција на Шар Планина.

Погледнете ја галеријата со фотографии од искачувањето на врв Љуботен 2499м. Шар Планина.

Провери

Триесетти Традиционален Марш Димитар Илиевски-Мурато 2022

По две години пауза поради пандемијата со Ковид 19 годинава ЗПСК Пелистер Битола повторно го …

Напишете коментар