врв Радомир 2029м. Беласица Бугарија

Како Клуб решивме да го искористиме моментот што Бугарија ни дозволува влез на нивна територија согласно Ковид мерките, и за три недели оваа ни беше втора организирана и реализирана акција во Бугарија. Како што ве информиравме претходно, првата акција ни беше на планината Рила каде го искачивме нејзиниот највисок врв Мусала 2925м. кој воедно е највисок врв и на Балканот а втората акција ја реализиравме со искачување на највисокиот врв на планината Беласица, врвот Радомир 2029м. 

Врвот Радомир со своите 2029м. Височина е највисок врв на планината Беласица и се наоѓа на самата граница помеѓу Бугарија и Грција, врвот е сместен 9км југозападно од градот Петрич и се издига на главното планинско било заедно со врвот Дебело Брдо и источно од врвот Лозен. Има пирамидален облик со многу стрмни падини на запад и југ, сочинет е од метаморфни карпи а почвите околу него планинско – ливадски и кафеави планински. Врвот се до 29ти јуни 1942 го носи името Калабак кое и денес се користи меѓу мештаните, а новото име му е дадено во чест на Македонскиот цар Гаврил Радомир.

Акцијата ја започнавме во саботата на 28ми август со поаѓање од Гевгелија во 15 часот, со што единаесет члената екипа со комби пристигна до Планинарски Дом ( Хижа ) Беласица која се наоѓа на височина од 720м. а е одалечена од градот Петрич на само 11км. По пристигнување на нашите планинари овде на хижа Беласица следеа мали подготовки со што стартуваше првата етапа од акцијата за овој ден а тоа беше маршутата од хижа Беласица до хижа Конгуро која се наоѓа на височина од 1284м. Оваа етапа планинарите ја совладоа за неполни два часа и во раните вечерни часови пристигнаа на хижа Конгуро каде се сместија за преноќување, овде во оваа хижа беа и членовите на Клубот за Екстремни Спортови и Планинарство БЕЛА ЕКСТРИМ од Петрич кои славеја 11 години од своето постоење па заедно имавме една прекрасна дружба со многу песни и ора.
Во неделата на 29ти август во раните утрински часови нашите планинари ја стартуваа акцијата од хижа Конгуро до врв Радомир, патеката се движеше низ букова шума за потоа да излеземе на чист терен каде се уклучивме на стар пат кој поминува под врвовите Пунктова Скала 1974м. и Дебело Брдо 1951м. со што за помалку од четири часа целата екипа го искачи врвот Радомир, на врвот следеше мала пауза а овде нашиот Претседател Ристо Каркалашев ја искористи приликата да му ја додели членската книшка на нашиот нов член Ѓорги Димитриевски кој е од Струмица а со тоа стана и првиот струмичанец во ЗПСК КОЖУФ Гевгелија, по паузата планинарите почнаа да се враќат назад по истата патека но на враќање го искачија и врвот Конгур 1951м. а од него се спуштија на хижа Конгуро каде следеше мала почивка и продолжување кон хижа Беласица каде не чекаше нашиот превоз. Овој ден нашите членови искачувајки ги двата врвови Радомир и Конгур испешачија вкупно 22км со совладена висинска разлика од 1000м. и сето тоа за помалку од 7 часа со што оваа искачување со оваа должина и висинска разлика спаѓа во групата на средно тешки акции, оваа акција беше во целосна организација на нашиот Клуб ЗПСК КОЖУФ Гевгелија а водич на акцијата беше нашиот Претседател и лиценциран планинарски водич Ристо Каркалашев. 

Погледнајте ја галеријата со фотографии од оваа акција.

Провери

Триесетти Традиционален Марш Димитар Илиевски-Мурато 2022

По две години пауза поради пандемијата со Ковид 19 годинава ЗПСК Пелистер Битола повторно го …

Напишете коментар