Врв Гола Чука 1647м. Пајак – Грција

Во нашиот град Гевгелија се наоѓат две планини, едната е Кожуф, додека другата е Пајак планина која е во непосредна близина на Гевгелија но во грчка територија и добро позната за нас гевгеличани. Инаку Пајак планина или како што ја нарекуваат во Грција Паико, се наоѓа на северниот централен дел од Егејска Македонија и низ неа минуваат општинските граници на Пајонија ( на исток ), Меглен ( на запад ) и Постол на југ. Највисок врв е Гола Чука 1647м. потоа следат врвовите Вртоп 1490м. Гроб 1458м. како и неколку пониски врвови. Во источното подножје на Пајак се градовите Гуменџе ( Goumenisa ), Бојмица ( Aksiupoli ), Ениџе Вардар ( Janica ) и Меглен ( Moglena ).

За прв пат нашиот Клуб организираше искачување на највисокиот врв на Пајак планина во 2017та година, каде поради голем интерес на планинари од повеќе градови на акцијата учествуваа 163 планинари, последните три години нашиот Клуб организира искачување на Пајак секоја година па така решивме и оваа 2021ва да ја посетиме.
Така викендов кој измина недела 12ти септември 26 члена екипа на ЗПСК КОЖУФ Гевгелија реализираше акција на Пајак планина каде беше искачуван највисокиот врв Гола Чука 1647м. стартот за искачување на овој врв почнува на височина од 1120м. над селото Кантасти и најголем дел од патеката е низ широк шумски пат а останатиот дел е по планинарска патека, движејќи се по патот и патеката со разговор и мали паузи, планинарите за два часа активно пешачење пристигнаа на врвот. На врвот Гола Чука има поставено спомен одбележие скијач направен од железо во чест на некој грчки скијач кој загинал овде, на врвот следеше поголема пауза и уживање во погледот околу, па имавме можност од врвот да ја погледнеме и нашата Гевгелија со околината, овде Претседателот на нашиот Клуб Ристо Каркалашев кој воедно беше и водич на оваа акција им ги додели книшките на нашите нови членови и тоа Дончо Дулгеров, Елена Бегова и Билјана Моцановска која е од Прилеп и стана втората членка во ЗПСК КОЖУФ Гевгелија од Прилеп, со овие нови членови нашиот Клуб веќе надмина бројка од 180 членови а наскоро очекуваме и уште нови членови со оглед на нашите активности и организирање на планинарски акции секој викенд. На врвот пристигнаа и неколку планинари од Солун па имавме можност да поразговараме со нив, откако заврши паузата и фотографирањето за спомен, групата тргна назад по истата патека со што акцијата ја заврши од каде и стартуваа со поминати 12.3км и совладена висинска разлика од 567м. На акцијата најмлад учесник беше нашиот член Филип Јованов со своите 6 години кој успешно го искачи и овој врв, а мораме да спомнеме дека падна договор за следнта година да ја организираме повторно оваа акција со искачување повторно на врвот Гола Чука но да се спуштиме на другата страна во селото Патрида.
Оваа беше трета акција на нашиот Клуб во оваа година надвор од државата, и имаме во план да реализираме уште неколку акции надвор додека дозволуваат условите.

Провери

Триесетти Традиционален Марш Димитар Илиевски-Мурато 2022

По две години пауза поради пандемијата со Ковид 19 годинава ЗПСК Пелистер Битола повторно го …

Напишете коментар