8ми Патронат на Планинарски Дом Томе Шутов-Кротки 2021

Годинава по 8ми пат ЗПСК КОЖУФ Гевгелија го организираше патронатот на својот Планинарски Дом кој се наоѓа во с.Конско на падините на Кожуф планина. Домот го носи името на нашиот догогодишен член Томе Шутов – Кротки од с.Стојаково кој загина во собраќајна несреќа, Кротки како планинар и член на Кожуф има реализирано многу планинарски акции во нашата држава и низ Балканот, постарите планинари од нашиот Клуб го паметат како еден позитивен лик секогаш насмеан и спремен за акција.
Патронатот го организираме првиот викенд од ноември месец, оваа година првиот викенд се погоди 7ми ноември, воедно 7ми ноември е и празник на нашиот град денот на ослободување на Гевгелија, според тоа годинава патронатот освен на нашиот дом го посветивме и на нашиот град.

Подготовките за патронатот започнаа една недела претходно кога имавме работна акција во нашиот Планинарски Дом каде беше среден домот внатре, а во дворот на домот се направи нова 8 метарска маса со клупи, воедно беа и поправени и останатите клупи и маси се со цел пречек на гостите за претстојниот патронат.
Ден пред патронатот, во саботата група наши членови претежно од понежниот пол отидоа на домот со цел приготвување на салатите и гравот за патронатот, а беа и пречекани еден дел од гостите учесници кои ноќеваа во домот. 

Следниот ден недела 7ми ноември со организиран превоз за нашите членови и останатите гости кои дојдоа со сопствен превоз пристигнаа на домот каде беа пречекани со топол чај, и во 8 часот нашата членка Надја Димкова заедно со водичот на акцијата Васко Стамков означија старт на планинарската акција. Патеката традиционално за овој патронат стартува од самиот Планинарски Дом па преку Манчева Пресека и Сиглица се искачува врвот Двете Уши 1766м. еден дел од учесниците се прошетаа до Манчева Пресека други до Сиглица а најголемиот дел го искачија и врвот, кога планинарите пристигнаа на самиот врв започна фотографирање за спомен а потоа следеше и малку подолга пауза за одмор со што се почека сите кои тргнаа кон врвот да пристигнат. На самиот врв нашиот Претседател им ги додели членските книшки на нашите нови членови, со што Клубот се збогати за уште 6 нови млади планинари, а потоа во 12-30 часот следеше враќање назад по истата патека до Планинарскиот Дом.

Во домот за сите учесници на патронатот кои оваа година беа 120 на број имаше спремено ручек планинарско гравче, како и салати од нашите спонзори, а Претседателот на нашиот Клуб Ристо Каркалашев заедно со нашата членка Рената Тодова им ги доделија благодарниците за учество на следните планинарски Клубови : ПЕГ Турниме да кинисам Битола, З.П.А.Б.Б. Ристо – Картуш Прилеп, Фитнес Студио Лејди Фит Прилеп, ПСК Зелен Брег Кавадарци, СК Клисура Демир Капија, ЗПСК Маратон Струмица, ДПС Лисец Штип, ПСК Кораб Скопје и ПСК Македон Скопје, беа доделени и Признанија за најмлади учесници на патронатот како и највозрасен учесник, а тоа беа : Благоја Љатев (5), Лара Џишева (9), Леонид Дуклевски (10), Тамара Џишева (13), Нада Марјановиќ (74). Беа доделени и благодарници на фирмите кои ни помогнаа за овој патронат со свои продукти а некои и со финансиски средства за патронатот и за Планинарскиот Дом а тоа се : Роллпласт Алдузо Гевгелија, Пекара Бекарт Гевгелија, Вори Јорданка ДООЕЛ Гевгелија, Помех Гевгелија , МАТРОНА – КОНС Скопје и Винарија Маркудов Гевгелија, воедно и јавно сакаме да им се заблагодариме за подршката кон овој патронат како и подршката која ни ја пружат за нашиот Клуб.

Во прилог можете да ги погледнете фотографиите од патронатот.

Провери

5-ти Меморијален Марш “Георге Петков” *

Недела, 21.05.2023 година, живописниот Кожуф иако дожделив и ветровит , ни овозможи да го реализираме …

Напишете коментар