Традиционално за 2ри јануари ЗПСК КОЖУФ Гевгелија на врв Чичи Каја 1767м.

ЗПСК КОЖУФ Гевгелија 2021г. ја заврши со 63 реализирани планинарски акции, акциите беа од локален, републички како и неколку акции реализиравме надвор од државата. На нашите акции учествувале 1636 планинари и љубители на природата, или во просек по 25 учесници на акција.
Нашиот Клуб во 2021ва ги организираше традиционалните меморијали и маршеви како :
– Планинарски Марш Перо Илиевски 2021/с.Ума Кожуф
– Меморијал Д-р Ѓеорги Петков 2021/врв Мала Рупа 2004м. Кожуф
– Меморијал Димитар Кангов – Кангата 2021/врв Зелен Брег 2166м Кожуф
– Патронат на Планинарски Дом Томе Шутов – Кротки 2021/врв Двете Уши 1766м. Кожуф
Овие акции беа организирани во ограничен број на учесници поради ситуацијата со Ковид – 19, но сепак беа одбележани, овде ке спомнеме дека минатата година реализиравме и три планинарски акции од нашиот проект за работење со најмладите од нашата Општина кој ни е замислен најмладите да планинарат со своите родители па и проектот го носи името РОДИТЕЛИ И ДЕЦА НА КОЖУФ ПЛАНИНА.
За годината која измина ЗПСК КОЖУФ Гевгелија може да се пофали со 39 нови членови, а со продолжување на нашите активности и во 2022ра година, очекуваме набргу да го надминеме бројот на членови од 200.

Веке неколку години нашиот Клуб годината ја започнува со планинарска акција на 2ри јануари каде се искачува врвот Чичи Каја 1767м. така и оваа нова година ја започнавме на 2ри јануари со искачување на врвот Чичи Каја со што ја продолживме традицијата.
Утрото 2ри јануари 36 члена екипа се собра пред спортската сала во Гевгелија нашето појдовно место за секоја акција и со превоз се упатија кон Кожуф планина поточно паркингот кај местото Асан Чешма кое се наоѓа на височина од 1400м. Овде следеа припреми за старт на акцијата, Претседателот на нашиот Клуб Ристо Каркалашев им подели на секој учесник таан алва од нашиот спонзор Кристал 1923 АД Велес со што беше означен стартот на акцијата. Движењето се одвиваше во колона како што е ред, напред водичот на оваа акција нашата Секретарка Рената Тодова која го диктираше темпото на движење кое се одвиваше во зимски услови по снег на некои места и до колена, бидејќи групата беше прилично голема како што споменавме погоре 36 планинари беа поставени и неколку помошници водичи кои беа распоредени низ планинарите како Ристо Каркалашев, Саше Динев, Бојан Георгиев и Зафир Старделев.

Така движејки се полека но сигурно низ разговор и смеа, целата група за еден час пристигна на самиот врв. На самиот врв во моментот кога планинарите пристигнаа беа пречекани од магла, но за среќа набргу се расчисти и се отвори прекрасен поглед на Кожуф планина.Имено,врвот Чичи Каја е во средишниот дел на овој дел од Кожуф па кога сте на самиот врв имате прекрасна панорама од 360 степени, околу вас се гледат врвовите Двете Уши, Мала Рупа, Ѕена, Зелен Брег, К92, и Чафка. На врвот Претседателот на Клубот заедно со Секретарката отворија шампањско и сите планинари наздравија за успешна 2022ра година со многу планинарски акции и организации, а оваа година имено и нашиот Клуб слави 70г. од своето постоење кое е формирано во далечната 1952г.
Овде на врвот следеше пауза од околу еден час, планинарите се фотографираа, мала закуска да закрепнат и потоа следеше враќање назад кон Асан Чешма каде беше завршена акцијата. На Асан Чешма беше завршена акцијата во делот на планинарење а потоа дружењето продолжи во нашиот Планинарски Дом во с.Конско каде беа споделени впечатоците од првата акција во оваа година како и разговор за следните неколку акции од овој прв месец а тоа се уште три акции на нашата Кожуф планина, и може една акција да реализираме во Бугарија.

Ви ја претставуваме галеријата со фотографии и видео од акцијата.

Провери

Велигденски на врв К92 2112м. Кожуф

По повод големиот православен празник Велигден, нашиот Клуб ЗПСК КОЖУФ Гевгелија реализира планинарска акција на …

Напишете коментар