ЗПСК КОЖУФ Гевгелија ви нуди промотивно зачленување

Ниту една друга активност не ја комбинира љубовта кон природата и вежбањето толку хармонично како планинарењето. Тоа им дава на луѓето мир и виталност, овозможувајќи да се исклучат од секојдневието, да сонуваат, да размислуваат и да се релаксираат на сосема поинаков начин.
Затоа ЗАЧЛЕНЕТЕ СЕ во ЗПСК КОЖУФ Гевгелија.

ЗПСК КОЖУФ Гевгелија на секој свој член му нуди :
– со членување во Планинарскиот Клуб станувате дел од големото семејство искусни планинари од секоја возраст.
– со членување во Планинарскиот Клуб може да учествувате на обуки, школи, на презентации за безбедно движење низ планини, може да учествувате во планинарски акции кои ги организира нашиот Клуб од локален, републички и меѓународен карактер, може да помагате при обележувате патеки кои ги одржува Планарскиот Клуб,
може да учествувате во акции за заштита на природата.
– со платена членарина членовите на Планинарскиот Клуб имаат попуст на цената за преноќување во Планинарските Домови во Републиката раководени од Планинарските Клубови, регистрирани во Федерација за Планинарство на Северна Македонија (ФПСМ), како и во Планинарски Домови надвор од државата.
– со платена членарина членовите на Планинарскиот Клуб се осигурени од незгода, согласно договорот што Планинарскиот Клуб го има склучено со осигурителна куќа.
– со платена членарина членовите на Планинарскиот Клуб ќе можат да добијат попуст во продавниците за планинарска опрема, согласно договорот меѓу Планинарскиот Клуб и соодветната продавница.
– со платена членарина членовите на Планинарскиот Клуб имаат право на финансиски бенефиции од Клубот како помагање финансиски при реализација на републички и интернационални акции а во зависност од финансиските можности на Клубот.

Членарината за оваа тековна година во ЗПСК КОЖУФ Гевгелија изнесува :
– членска книшка 30 денари.
– младинци до 18 години ( не се наплаќа членарина )
– студенти од 18 до 27 години 250 денари.
– останати 500 денари
Оваа е чланарина за една тековна година.
Уплатата на членарина како и зачленување во нашиот Клуб, може да се изврши во канцеларијата на Клубот секој понеделник и четврток во 20 часот, а канцеларијата се наоѓа на следната адреса Нако Вардарски Бр. 5  Гевгелија ( старо училиште Владо Кантарџиев ) , оние кои не се во можност лично да дојдат можат да уплатат во банка на нашата жиро сметка
– Примач : ЗПСК КОЖУФ Гевгелија
– Банка на примач : Стопанска Банка АД Скопје
– Жиро сметка : 200000003318459
– Цел на дознака : Членарина за 2022 година 
– Уплатата се врши со уплатница ПП10

ПРОМОЦИЈА
Сите оние кои ке си ја платат членарината до 30ти март, гратис од Клубот ке добијат и годишно осигурување. Оние кои ке си ја платат членарината по 30ти март ке бидат должни да си платат и годишно осигурување.
Искористете ја можноста да се зачлените во нашиот Клуб до 30ти март и добијте гратис годишно осигурување.

Провери

ДВИЖЕЊЕ низ планина во зимски услови

Во планините важат други законитости отколку во долините и градовите. Тие што сакаат да ги …

Напишете коментар