Соработката со Општина Гевгелија продолжува и оваа година

Голема благодарност до Општина Гевгелија, која континуирано не следи низ годините со финансиска поддршка, а особено до актуелниот градоначалник Андон Сарамандов и Советот на Општина Гевгелија. Благодариме за огромната поддршка и разбирање за успешен опстанок на ЗПСК Кожуф Гевгелија во остварување на една заедничка цел а тоа е мотивација и стимулација на секој еден наш сограѓанин кој сака да се вклучи во планинарските акции а со тоа да се негува здрав начин на живеење на нашето население.

Како и секоја година така и оваа ЗПСК КОЖУФ Гевгелија аплицираше во нашата Општина во програмата за финансирање спортски активности во Општина Гевгелија за 2022г. На ден 11ти февруари на совет на Општина Гевгелија се донесе одлука оваа година ЗПСК КОЖУФ Гевгелија да биде финансиран со 130 000 денари, за реализација на програмата на нашиот Клуб за оваа година која опфаќа четири меморијали од републички карактер кој се во склоп и во календарот на активности на ФПСМ ( Федерација за Планинарство на Северна Македонија ) а тоа се :

  1. 29ти Традиционален Планинарски Марш ПЕРО ИЛИЕВСКИ 2022/с.Ума Кожуф
  2. 4ти Меморијал Д-р Ѓеорги Петков 2022/врв Мала Рупа 2004м. Кожуф
  3. 18ти Меморијал Димитар Кангов – Кангата 2022/врв Зелен Брег 2166м./Кожуф
  4. 9ти Патронат на Планинарски Дом Томе Шутов – Кротки 2022/врв Двете Уши 1766м. Кожуф

Оваа година во календарот на активности на ФПСМ како организатор ЗПСК КОЖУФ Гевгелија се јавува и на уште една акција 5та, а тоа е 70 години ЗПСК КОЖУФ Гевгелија. Во планот е дводневна акција на Кожуф планина каде ќе бидат поканети сите Планинарски Клубови од нашата држава и соседните држави со кои нашиот Клуб соработува и младите спортисти од сите спортски клубови како и учениците од сите училишта од нашата Општина. Ќе бидат искачувани врвовите Порта 2097м. К92 2112м. и Момина Чука 1851м. По повод овој голем наш јубилеј, освен планинарската акција на Кожуф планина ,во градот ќе има отворена изложба на фотографии од овие 70години постоење на Клубот.

Освен овие активности кои се дел од нашата планинарска федерација, нашиот Клуб ќе реализира и планинарски акции како од локален карактер, така и од републички и интернационален карактер, а поголема акција на Клубот од интернационален карактер ќе биде Триглав Словенија со Доломитите во Италија.

Нашиот Клуб во своето 70 годишно постоење, а посебно во последните неколку години, интензивно работи на промоција на планинарењето во нашата Општина со цел што повеќе наши сограѓани да ги мотивираме на планинарење, да ја засакаат и чуваат планината, да негуваат здрав и позитивен дух и љубов кон неа, да стекнат искуство а понатака оние кои ќе покажат интерес за поголеми дострели достојно да го претставуваат нашиот клуб и нашата Општина. Особено сме фокусирани на најмладите од нашата Општина, а тоа може да се види преку нашите акции од нашиот проект кој го работиме а тоа е акцијата “РОДИТЕЛИ И ДЕЦА НА КОЖУФ ПЛАНИНА” Овој проект ќе продолжи да се реализира и во иднина.

Со општинската финансиска поддршка која што ни е од особено значење, и во рамките на можностите кои ќе ги имаме,ќе ги дореализираме поправките на клупите и масите во нашиот Планинарски Дом Томе Шутов – Кротки кој се наоѓа во село Старо Конско.Имено,минатата година еден дел ги реновиравме останатиот дел ќе бидат завршени оваа пролет, а ќе служат како за нас планинарите така и за нашите сограѓани кој преку викенд престојуваат во дворот на нашиот дом.

Провери

ДВИЖЕЊЕ низ планина во зимски услови

Во планините важат други законитости отколку во долините и градовите. Тие што сакаат да ги …

Напишете коментар