По повод 8ми март, искачување на манастир Трескавец

ЗПСК КОЖУФ Гевгелија за своите членки од понежниот пол, организираше планинарска акција на планината Злато во Прилеп.
Планината Злато е средновисока македонска планина што се протега северно од Прилеп помеѓу Стара река и Прилепска река во североисточниот дел на Пелагонија. Претставува западна огранка на масивот на планината Бабуна. Сочинува природна целина со површина од 50 км2. Највисок врв е Златоврв со 1.422 м. Злато има исклучително природни вредности, а тоа се најразновидните денудациони облици. Овие вредности според бројноста, манифестацијата и изразеноста на Злато претставуваат ретка појава. Затоа, планината е ставена на списокот на УНЕСКО во Париз за заштита на природното наследство.

Така, на 6ти март недела, група составена од 14 члена рано наутро тргна за Прилеп каде беа пречекани од нашиот член Антонио Пандовски кој воедно беше и водич на оваа акција, по малите припреми на членовите стартуваше акцијата. Акцијата стартуваше од Прилеп поточно Варош па преку Маркови Кули патеката води кон Загрдаски камен и Дупен Камен па до манастир Трескавец. Во манастирот Трескавец планинарите беа пречекани од монах Калис. Манастирот Трескавец е оддалечен од Прилеп на 10км а се наоѓа на височина од 1280м. а веднаш над манастирот се наоѓа и врвот Златоврв 1422м. Во рамките на манастирот се наоѓа и црквата Успение на Пресвета Богородица, манастирот има и свои конаци и трпезарија, издигнат високо над карпите во планината, дава прекрасна глетка на околните планини Баба, Бабуна и Кајмакчалан на рамнината Пелагонија како и на градовите Прилеп, Битола и Крушево.

По направената пауза во манастирот планинарите полека се спуштија повторно во Прилеп по истата патека, движењето по патеката се одвиваше полека бидејќи поголем дел од неа е карпеста а временските услови беа со врнежи од снег па затоа и теренот беше лизгав. Откако заврши акцијата во планинарскиот дел, членовите седнаа во локален ресторан да го прослават искачувањето по повод празникот 8 ми март.

Галерија со фотографии од акцијата.

Провери

5-ти Меморијален Марш “Георге Петков” *

Недела, 21.05.2023 година, живописниот Кожуф иако дожделив и ветровит , ни овозможи да го реализираме …

Напишете коментар