Акција пошумување по повод 70 години ЗПСК КОЖУФ Гевгелија

Оваа година нашиот Клуб ЗПСК КОЖУФ Гевгелија слави 70 годишен јубилеј од своето формирање, Клубот е формиран во далечната 1952г. од страна на преживеани борци од НОБ. 

По тој повод започнавме со реализација на неколку предвидени поголеми активности, прва од нив беше овој викенд кој измина и тоа акција за пошумување.
Оваа акција ја реализиравме во соработка со Шумско Стопанство Кожуф Гевгелија, кои со голема радост ја прифатија нашата активност и ни излегоа во пресрет.
Така во неделата на 20ти март на првиот пролетен ден нашиот Клуб организирано со 65 луѓе од кои 45 наши членови од сите возрасти што би рекле од 7 до 77 години, а останатите претставници  на Шумско Стопанство Кожуф Гевгелија,како и организациите на Црвен Крст Гевгелија и граѓанското здружение Changemakers4all Гевгелија кои ни се приклучија на нашата акција, со превоз пристигнаа во село Ново Конско, а од овде до местото за пошумување кое беше предвидено ( над новата депонија), сите рекреативно испешачија а попатно се собираше и отпадок.

На самото место учесниците се распоредија на површината за насадување која претходно беше припремена од Шумско Стопанство, и се засадија околу 5 до 6 000 садници на црн бор како и багрем. За оваа акција беа обезбедени сендвичи за секој учесник од страна на нашиот сограѓанин Јан Звиерс и еден дел од нашиот Клуб, додека од страна на Црвен Крст Гевгелија се обезбедија шишенца со вода за сите.

Погледнете ја галеријата со фотографии од вчерашната акција на ЗПСК КОЖУФ Гевгелија во која се пошумуваше.

Провери

5-ти Меморијален Марш “Георге Петков” *

Недела, 21.05.2023 година, живописниот Кожуф иако дожделив и ветровит , ни овозможи да го реализираме …

Напишете коментар