Веќе неколку години нашиот Клуб организира планинарски акции на планината Пајак во Грција, така и викендот кој измина 27ми март ја реализираме планинарската акција со искачување на највисокиот врв на Пајак планина а тоа е врвот Гола Чука 1647м. Но бидејќи овој врв веќе ни е качен повеќе пати, овој пат решивме акцијата да ја реализираме по нова патека.
Пајак планина или по грчки Пајко, е планина во Егејска Македонија сегашна Грција. Планината се наоѓа во северниот централен дел на Егејска Македонија и низ неа минуваат општинските граници на Пајонија на исток, Меглен на запад и Постол на југ на областа Централна Македонија. Највисок врв е Гола Чука – 1.647 м. други врвови се Вртоп (Βερτόπια, Вртопија), 1.490 м и Гроб (Γκροπ, Гроп), 1.458 м. а во во источното подножје на Пајак се градовите Гуменџе (Гумениса) и Бојмица (Аксиуполи), јужно – Ениџе Вардар (Јаница), а на западната страна Меглен (Моглена).
Како што споменавме во уводот на овој текст, на 27ми март 20 члена екипа на ЗПСК КОЖУФ Гевгелија во раните утрински часови со комбе се упати кон Грција и стартното место на Пајак планина за оваа наша акција, а тоа беше шумската куќа над село Кастанери на височина од 1125м. По малите припреми за старт на акцијата, во 8 часот сартуваше акцијата кон врв Гола Чука, напред нашиот водич на оваа акција Претседателот на Клубот Ристо Каркалашев а сите други во колона по него се движеа кон врвот. Уште од самиот старт акцијата стартуваше со снег на патеката и како планинарите се движеа кон врвот снегот беше во се поголеми количини, иако големите количини на снег по патеката им го отежнуваа движењето на планинарите сепак полека но сигурно по прекрасното сончево време за два ипол часа пристигнаа на самиот врв. На врвот следеше поголема пауза и разгледување на околината, а од самиот врв во непосредна далечина се гледа Кожуф планина и дел од нашата гевгелиска околина, додека во подмножјето на Пајак планина се гледаат гродавите Гуменџа, Поликастро, Јаница, и неколку помали села. По паузата следеше фотографирање за спомен со нашето Клубско знаме како и со знамето на продавницата за спортска опрема Екстрим од Велес кој ни е спонзор по повод 70 годишнината на нашиот Клуб, фотограгфиите се направија на самиот врв со лимениот човек кој симболизира скијач кој загинал токму овде. Потоа следеше спуштање од врвот кон село Елефтерохори, по оваа патека за прв пат нашите планинари се движеа, но иако беше непозната за нив сепак водичот и сите останати учесници добро се снајдоа и во 18 часот пристигнаа во селото каде ги чекаше комбето.
Иако условите на теренот си го направија своето, го отежнаа движењето сепак сите планинари успешно ја поминаа целата рута кои мора да се пофалат бидејќи по таков снег се оди многу тешко и оваа маршута иако беше од 17км потребни им беа вкупно 10 часа планинарење со се паузи или ефективно движење од 6 часа, мораме да ги пофалиме посебно нашите најмлад и највозрасен учесник на акцијата а тоа беа нашите членови Филип Јованов ( 7 ) и Милена Карагонова ( 70 ) кој успешно ја поминаа целата патека.
Следува галерија со фотографии од акцијата на Пајак планина во Грција.