Велигденски на врв К92 2112м. Кожуф

По повод големиот православен празник Велигден, нашиот Клуб ЗПСК КОЖУФ Гевгелија реализира планинарска акција на Кожуф планина. Имавме неколку опции за акција а тоа беа врвовите Двете Уши 1766м. Чичи Каја 1767м.Зелен Брег 2166м.и К92.2112м. Поради условите на терен, решивме да одлучиме на лице место која акција ќе ја реализираме,се со цел безбедно искачување и симнување на сите учесници.На 25ти април понеделник, кој беше неработен ден во 7 часот наутро екипа составена од 26 планинари со превоз се упатија кон Кожуф планина, договорот беше во зависност од тоа до каде ќе стигнеме со превоз ке одлучиме на која страна ке планинариме. Сепак стариот снег на патот веднаш над Асан Чешма кој за жал нема кој да го исчисти и да им овозможи на нашите сограѓани да прошетаат по прекрасниот Кожуф си го направи своето и овде моравме да ги оставиме возилата, и да ја стартуваме акцијата.

По малите подготовки Секретарот на нашиот Клуб Рената Тодова кој воедно беше и водич на оваа акција ги поздрави сите учесници и ги запозна со патеката која одлучивме да ја одиме а тоа беше од Асан Чешма преку Алчак и Таблата до врв К92 2112м. Така и стартуваше акцијата, водичот напред како што е ред а останатите по него полека но сигурно и опуштено празнично чекоревме кон целта, првиот поголем одмор го направивме на Алчак или како што сега го викаат местото Шутка, па продолживме кон Таблата каде следеше втората поголема пауза. По завршување на паузата продолжи акцијата, од под Таблата веќе имаше на повеќе места снег и како што се движевме се повисоко снегот беше повеќе.Наеднаш наидовме на траги во снегот со што заклучивме дека овие траги се од мечка, и така се отвори дискусија од постарите планинари дека после долги години повторно да сретнеме траги од мечка на нашиот Кожуф. Некаде околу 12 часот планинарите беа на самиот врв, а на врвот како и секогаш  пауза, честитки за искачениот врв и неизбежното кршење со вапцани јајца по повод Велигден, следеше фотографирање на врвот со прекрасните врвови околу него како Зелен Брег, Мала Рупа, Ѕена, Порта прошарени  со остатоци од снег, а потоа водичот Рената Тодова даде знак за поаѓање назад и по истата патека се вративме до Асан Чешма.

Водичот на акцијата Рената Тодова

Оваа акција беше со вкупна должина од 16км и совладена висинска разлика од 750м. Со оглед на снегот кој го имаше на одредени делови,акцијата се покажа како акција од средна тежина и мораме да ги пофалиме нашата најмлада членка која учествуваше на акцијата Тамара Џишева со своите 9години, но и големи пофалби за г-ѓа Татјана Илин(60) која за првпат дојде со нас на акција и храбро се носеше со сите предизвици во овој  планинарски потфат.Со прекрасните пејсажи и врвови на раскошниот наш Кожуф, секој замор и потешкотија беа заменети со големо воодушевување од страна на сите учесници.

Провери

Одиме на Врв – Родители и Деца

Одиме до врвот кој Ве освојува, со нешто Величествено Ве спојува. Нема зборови со кои …

Напишете коментар