Триесетти Традиционален Марш Димитар Илиевски-Мурато 2022

По две години пауза поради пандемијата со Ковид 19 годинава ЗПСК Пелистер Битола повторно го организираше Традиционалниот Марш со искачување на највисокиот врв на планината Баба, врвот Пелистер 2601м. и Димев врв 2600м. Овој марш се организира во чест на Димитар Илиевски – Мурато првиот македонец кој го искачил Еверест во далечната 1989г. но за жал и остана во вечните снегови под самиот Еверест.
Димитар Илиевски – Мурато роден во Битола 1953г. Македонски алпинист познат како првиот Македонец  што ја има освоено највисоката планина во светот — Монт Еверест се искачил на 10 мај 1989г. по што не успеал да се врати во базниот логор и официјално се води како изчезнат. 

Димитар Илиевски е еден од најголемите алпинисти во историјата на македонскиот алпинизам и спортот воопшто. Се одликувал со фрапантна љубов кон планините и непоколеблива амбиција за соочување со најтешките предизвици. Во својата богата алпинистичка кариера се има искачено на повеќе планински врвови, меѓу кои најпознати му се Мон Блан и поголем број врвови со алпинистички приоди во масивот на Мон Блан, потоа Матерхорн, Монте Роса, Грос Глокнер, Мармолада и значителен број врвови на Доломитите. Во 1982 година се искачи на Хуаскаран и тоа и на северниот и на Јужниот врв, како и на Хопикалки. Во 1984 се искачил на Врвот на Комунизмот во Памир. Во 1986 година во состав на Македонската алпинистичка хималајска експедиција на Манаслу стигна до 7500 метри каде што остана неколку дена во очекување добро време за јуриш кон врвот.
Во 1998 година се организираше алпинистичка експедиција во организација на Македонската Алпинистичка Асоциација и Македонскиот Олимписки Комитет со цел да се симне телото на Диме од планината и согласно со Непалските закони телото со свечена церемонија да биде запалено под базниот логор, и урната со пепелта да се донесе во Македонија и да се постави во музеј соба направена за овој македонски великан. Македонската експедиција требаше да делува како составен дел од Интернационалната експедиција за чистење на Монт Еверест која имаше за цел чистење на планината и симнување на телата на загинатите алпинисти. Експедицијата не се реализира заради настанати административни пречки со непалската влада пред самиот нејзин почеток. Но, идејата за симнување на телото на Диме не е напуштена, бидејќи се смета дека е позната точната локација на неговото тело. 

Оваа година нашиот Клуб ЗПСК КОЖУФ Гевгелија на овој традиционален марш беше претставуван од 11 члена екипа. Акцијата стартуваше во 7 часот од Инфо Центарот кој се наоѓа на висина од 1340м. Планинарите од Инфо центарот по широк шумски пат се движеа по прекрасната природа на Баба планина и по поминати околу 9км пристигнаа на Планинарски Дом Широка кој се наоѓа на височина од 1950м. каде што се направи поголема пауза, за жал овој дом минатата година е опожарен и сега се гледаат само рушевини. Од овде планинарите продолжија со искачување кон врвот и овие последни 4км со висинска разлика од над 400м.беа најтешкиот дел од ова искачување во снежни услови на теренот. Сепак полека, сите наши членови во 12-20ч. беа на самиот врв каде следеше пауза и фотографирање за спомен. Откако заврши паузата планинарите по истата патека се вратија назад на стартната позиција која воедно беше и завршна позиција а тоа е Инфо Центарот, со што поминаа 26км а совладаа вкупна висинска разлика од 1357м.
Инаку оваа акција беше првата акција дел од нашите припреми за искачување на врвот Триглав во Словенија,  која ќе се реализира во јули месец а ќе  биде во целосна организација на нашиот Клуб.

Провери

врв Триглав 2864м. Словенија

Оваа година нашиот Клуб слави јубилеј од 70 години постоење, a по овој повод како …

Напишете коментар