Еко акција / 70години ЗПСК КОЖУФ Гевгелија

Нашиот Клуб ЗПСК КОЖУФ Гевгелија е формиран во далечната 1952 година. Оваа година славиме јубилеј 70 години постоење на Клубот, и по тој повод во текот на цела  година се реализираат повеќе  акции од различен карактер. Иминативе два месеци реализиравме акција за пошумување каде се засадија преку 5 000 дрвца во соработка со Шумско Стопанство Кожув Гевгелија, потоа во соработка со Црвен Крст Гевгелија реализиравме Крводарителска акција на која се собраа 49 единици крв, а еве денес продолживме со активностите и заедно со ЈПКД Комуналец Гевгелија реализиравме Еко акција. 

Во оваа наша Еко акција освен наши членови од  се приклучија и неколку граѓани. Акцијата како што беше замислена така и се реализираше, се чистеше на Кожуф планина, беше опфатен  потегот од Сифулајка до над Смрдлива Вода. Учесниците на акцијата беа поделени во две екипи, едната екипа стартуваше со чистење на Сифулајка и околу месноста Кисела вода, па продолжи кај Катерина Чешма, додека втората екипа заедно со механизација од Комуналец се упати горе над Смрдлива Вода каде имаше прилично голема депонија од секаков вид на отпадоци. Откако двете екипи завршија на овие две локации заедно продолжија со чистење во близината на село Старо Конско.

Целта на оваа наша еко акција е за подигнување на јавната свест за зачувување на животната средина, да се грижиме за неа  и да негуваме здрави навики и совесно однесување.Оваа акција нека биде поттик за сите за во иднина да спроведуваат еколошки акции но и еден апел до сите граѓани,”Уживајте ја природата  и секој престој во неа  по разни поводи нека биде достоен”.

ЗПСК Кожуф овде не застанува, продолжува како и секогаш да биде вклучен во сите активности од општествен карактер се со една цел, една поубава животна средина за  нашите сограѓани.

Провери

29ти Традиционален Планинарски Марш ПЕРО ИЛИЕВСКИ 2022 / с.Ума Кожуф

Веќе 29 години нашиот Клуб ЗПСК КОЖУФ Гевгелија го организира Традиционалниот Планинарски Марш ПЕРО ИЛИЕВСКИ. …

Напишете коментар