4ти Меморијал Д-р Ѓеорги Петков 2022/врв Мала Рупа 2004м. Кожуф

Еве и оваа година 4та по ред нашиот Клуб ЗПСК КОЖУФ Гевгелија го организира меморијалот на Кожуф планина во кој се искачува врвот Мала Рупа 2004м., меморијал во  чест на нашиот долгогодишен член и високогорец Д-р Ѓеорги Петков кој во 2018та година при обид за искачување на највисокиот врв на светот Еверест 8848м. при завршниот дел од искачувањето на височина од 7200м.неговото срце престана да чука. Др.Ѓеорги Петков е роден во село Стојаково Гевгелиско во 1956год. и работи во гевгелиската болница како специјалист инфектолог.Со долгогодишното членство во нашиот Планинарски Клуб и од големата желба за планинарење добива инспирација и желба да ги искачи највисоките врвови на секој континент, што е сон за секој планинар. Така започнува да го остварува својот сон и прво го искачува највисокиот врв во Европа врвот Елбрус 5642м. кој се наоѓа во Кавказ, по ова успешно искачување следи експедиција за искачување на највисокиот врв во Африка,Ухуру 5895м. Килиманџаро. Во 2012та година следува искачување на највисокиот врв во Јужна Америка на Андите врвот Аконкагва 6962м. кој се наоѓа во Аргентина. Потоа во 2016та година Д-р Петков заминува на експедиција за искачување на највисокиот врв на Северна Америка врвот Денали 6190м. на Аљаска, но поради лошите временски услови експедицијата била прекината а според изјавата на водичот Александар Рашин дека поради големи врнежи од снег повеќе од 2м. и температура од – 31 степен искачувањето било невозможно. По оваа неуспешно искачување на Аљаска, следуват успешни искачувања на Пик Ленин 7.134 мнв како и првото запознавање со Хималаите каде го искачува врвот Исланд Пик 6.198 мнв. Во 2018та година Ѓорги заминува на Хималаите да го оствари својот животен сон, искачување на највисокиот врв на светот Еверест, но за жал овој сон остана неостварен…

Во негова чест нашиот Клуб реши да организира меморијал во кој ќе се искачува врвот Мала Рупа 2004м. на Кожуф планина, а со тоа и ќе се потсеќаме на ликот и делото на нашиот Ѓорге. Меморијалот се одржува околу 20ти мај,оваа година по 4ти пат беше организиран на 22ри мај недела, а се собраа околу 60 планинари кои ја стартуваа акцијата од Алчак па преку Таблата и Марково Езеро го искачија врвот Мала Рупа 2004м. На самиот врв е изграден фундамент на кој е поставена спомен плоча. Овде нашата млада членка Ивана Глигорова прочита мал пригоден текст во сеќавање на Ѓорги, а потоа Претседателот и Секретарот на ЗПСК КОЖУФ Гевгелија, Ристо Каркалашев и Рената Тодова им доделија благодарница за учество на нашите гости од Охрид MOUNTAIN MADNESS,благодарност и до гостите ентузијасти од Скопје, Штип и Св. Николе,  а благодарници им беа доделени и на нашите членови за најмлад учесник на Лара Џишева (9) и највозрасен учесник на меморијалот  Милена Карагонова (70). и Благодарница на ГТК-Гевгелија Точак Клуб.По завршување на овој дел од меморијалот, и направената пауза на врвот следеше враќање назад по истата патека со што планинарите испешачија 18км. И совладана висинска разлика од 875мнв.

Погледнете го албумот со фотографии од оваа наша акција.

Провери

Одиме на Врв – Родители и Деца

Одиме до врвот кој Ве освојува, со нешто Величествено Ве спојува. Нема зборови со кои …

Напишете коментар