Како што знаете оваа година ЗПСК КОЖУФ Гевгелија слави голем јубилеј 70 години од своето постоење.Клубот е формиран во далечната 1952 година и низ годините доживеал падови и подеми.По повод овој јубилеј за разлика од претходните јубилеи 50 и 60 кои ги славевме во ресторани, овој пат решивме свечениот дел да го направиме во Домот на Културата во Гевгелија, на кој беа поканети сите сегашни и поранешни членови на Клубот, Општина Гевгелија, ФПСМ и нашите многубројни спонзори и поддржувачи, каде со пригодна музика беше отворена изложба на фотографии од планинарски акции низ годините, како и доделување на признанија, плакети и благодарници.
Признанија и плакети за особена афирмација и придонес во ЗПСК КОЖУФ Гевгелија добија
– Костадин Вацев ( долгогодишен член и Благајник на Клубот ).
– Милена Карагонова ( долгогодишен и сеуште активен член како и во повеке наврати Секретар на Клубот )
– Златко Каракамишев ( поранешен член на Клубот како и Претседател на Клубот во еден мандат, а учесник во експедиции кои ги организира Клубот како Аконкагва и Килиманџаро, учесник и во други експедиции Мон Блан, Арарат и Дамаванд.
– Јован Митров ( поранешен долгогодишен член на Клубот, во неколку наврати Претседател и Секретар на Клубот, а најголемо достигнување му е искачување на највисокиот врв на Алпите врвот Мон Блан 4484м.
– Живко Мурџев ( поранешен долгогодишен член на Клубот, и Претседател на истиот а поголеми достигнувања во Клубот му се Аконкагва и Мон Блан.
– Федерација за Планинарство на Северна Македонија
– Општина Гевгелија ( за посебен придонес и долгогодишна подршка на нашиот Клуб ).
Се доделија и две плакети постхумно на
– Д-р Ѓеорги Петков ( долгогодишен член на Клубот и учесник во повеќе експедиции како Аконкагва, Килиманџаро, Елбрус, Арарат, Мон Блан, Гросглокнер, Ленин врв на Памир, врв Исланд на Хималаите, Аљаска а последна експедиција во која учествуваше во 2018та беше експедицијата Еверест во која требаше да го искачи највисокиот врв во светот, но за жал овде трагично загина на височина од 7200м. при последниот атак кон врвот ).
– Танчев Горги – Гоце ( долгогодишен член на Клубот како и дел од раководството Претседател на Клубот и Претседател на Собранието на Клубот ).
Плакети и признанија беа доделени и на актуелното највисоко раководство на Клубот кои неуморно работат на унапредување, зголемување на членството, работа со млади и обуки на новите членови, со организирање на планинарски акции секој викенд од локален, републички и меѓународен карактер, а ја имаат и честа да го организират и овој голем наш јубилеј заедно со членството.
– Претседател на Собрание на ЗПСК КОЖУФ Гевгелија ( Димитар Ристов )
– Претседател на ЗПСК КОЖУФ Гевгелија ( Ристо Каркалашев ) – Секретар на ЗПСК КОЖУФ Гевгелија ( Рената Тодова )
– Благајник на ЗПСК КОЖУФ Гевгелија ( Аце Костадиновски )
Додека Признанија за развој и унапредување на ЗПСК КОЖУФ Гевгелија беа доделени на членови кои низ годините биле дел од раководството на Клубот како и членови кои придонеле за негова афирмација. – Димитар Ичоќаев, Борис Кусеников, Трајко Аврамов, Петар Трајков, Тодор Делев, Јосиф Кованцалиев, Блага Челева, Тодор Динев, Зоран Аврамов, Зоран Ангелов, Марија Миткова, Ристо Картов, Александра Караманова, Нада Марјановиќ ( највозрасен активен член на Клубот ), Вита Мандалова, Љубица Карајкова, Благој Ѓоргиев – Жабче, Златко Андонов, Снежана Дучева, Мери Костадиновска, Петранка Никова, Лазар Митров, Атанас Димков, Спасија Џинова, Андигона Бардарова, Андреј Тодов, Дејан Марков, Васко Стамков, Бојан Ѓоргиев, Зафир Старделев, Сашко Динев, Филип Јованов ( најмлад активен член )
Како и постхумно признанија беа доделени на
– Тодор Ѓоргиев – Митре ( прв претседател на ЗПСК КОЖУФ Гевгелија )
– Ристо Танев
– Томе Шутов – Кротки
– Димитар Кангов – Кангата
– Дуче Минчев
– Лазар Самарџиев
– Илија Минов
За на крај доделени беа и Благодарници за соработка и подршка на ЗПСК КОЖУФ Гевгелија и тоа на
– ООЦК Црвен Крст Гевгелија
– ЈПКД Комуналец Гевгелија
– ПШС Кожув Гевгелија
– Итек Системс Скопје
– Конти – Хидропласт Гевгелија
– Екстрем Велес
– печатница Алфабет Гевгелија
– тобако Итар Пејо Гевгелија
– Биг Миџо Стојаково
– Елизабета и Иван Ристови
– ЛЕ – НИ Тобако Гевгелија
– Булевар тобако Гевгелија
– Пајдаков ДОО Гевгелија
– Аполонија фондација Гевгелија
– Бајк Центар Гевгелија
– ТП КА-ТА Богородица
– Спаидер нет Гевгелија
– Zomer Koster Holding B.V. Holland
– Бутик ГОДИ ДОО Макали Гевгелија
– Добра Работа Гевгелија – Жито Пром Гевгелија
– Christiano Rajnders & Simone Koerts
– Риго Импех Гевгелија
– Випро Гевгелија
– пекара ММ Богданци
– Алу Глас Гевгелија
– ТВ Нова Гевгелија
– Баџо Богданци
– сендвичара Апни Си Гевгелија
– РИНА КОМ Гевгелија
Откако заврши свечениот дел со доделувања Плакети, Прознанија и Благодарници, гостите можеа да ја разгледаат изложбата на фотографии, уживајќи во звуците на убавата музика и освежувајќи се со пијалоци.
Погледнајте ги фоттографиите како и видеото од свечениот дел и изложбата.