18ти Меморијал Димитар Кангов – Кангата 2022

Врвот Зелен Брег 2166м. е највисок врв на планината Кожуф. Се наоѓа во средишниот дел на планината, заоблен, лесно пристапен и покриен со високопланински пасишта. Од самиот врв се протега одличен и восхитувачки панорамски видик кон острите ограноци на Кожуф и кон Солунското Поле.

Меморијалот на Зелен брег го организираме во чест на нашиот долгогодишен член Димитар Кангов – Кангата кој ненадејно почина при искачување на врвот Ѕена од грчка страна на Кожуф планина. Кангов беше долгогодишен член на нашиот Клуб кој има ги искачувано скоро сите планини во нашата држава, како и некои во соседните држави а има учествувано и во планинарската акција Триглав и Гросглокнер ( Словенија и Австрија ) во 1997г.
Како и секоја година така и годинава програмата за овој меморијал беше идентична со искачување на највисокиот врв на Кожуф планина, врвот Зелен Брег 2166м. со старт на акцијата од местото викано Алчак.
Утрото на 2ри октомври планинарите се собраа на зборното место во Гевгелија ( Спортска Сала 26ти Април ) планинарите домаќини како и гости од неколку Планинарски Клубови како ПСК Фри Хикерс Неготино, ПК Серта Неготино, СПЕД Клепа Росоман Росоман, СПК Клепа Градско и ученици од ООУ Климент Охридски Миравци, од каде со превоз се упатија кон височините на Кожуф кон местото Алчак почетната точка за  старт на меморијалот, но кога пристигнаа на самото место се увиде дека временските прилики се доста лоши со силен ветер и магла, па се донесе одлука да се скрати патеката со тоа што стартот беше од Аџибарица, а учениците ги вративме долу во нашиот Планинарски Дом Томе Шутов – Кротки каде реализираа акција до село Серменин и назад.
Планинарите некаде околу 8-30 часот ја стартуваа акцијата од Аџибарица па преку Таблата пристигнаа на Марково Езеро по лоши временски услови, каде се направи мала пауза. Тука, водичот на меморијалот нашиот Претседател Ристо Каркалашев во договор со останатите наши членови донесе одлука како организатори на меморијалот да се прекине искачувањето на врвот поради лошите временски услови. Овде на Марково езеро со мал пригоден говор и едноминутно молчење му се оддаде почит на нашиот Димитар. Неколку планинари од Неготино изразија голема желба да продолжат кон врвот без разлика на временските услови, па им беше нагласено дека оттука продолжуваат на своја одговорност. Откако слегоа сите планинари на Аџибарица каде се заврши акцијата беа поканети во нашиот Планинарски Дом каде Претседателот заедно со Секретарот на Клубот Рената Тодова им ги доделија Благодарниците за учество на меморијалот на Клубовите учесници, а беа доделени и Признанија за најмладите учесници како и за највозрасен учесник. Така заврши овој 18ти меморијал, за жал не целосно реализиран до самиот врв, но како и секогаш безбедноста и здравјето на учесниците ни е во прв план,а сепак му одадовме почит на нашиот член Димитар Кангов – Кангата.

Провери

Одиме на Врв – Родители и Деца

Одиме до врвот кој Ве освојува, со нешто Величествено Ве спојува. Нема зборови со кои …

Напишете коментар