Планинарска акција РОДИТЕЛИ И ДЕЦА на Кожуф планина

Престојот во природа научно е потврдено дека луѓето ги прави посреќни. Кога сте во природа има најмалку три нешта што истовремено ја зголемуваат вашата среќа во тој момент, прво вежбаме што е докажан засилувач на расположението,второ, поминуваме квалитетно време со најблиските, што е поврзано со животната среќа и трето, сме во природа. Пешачењето низ шумата е нешто што на човек му носи радост, а сè што е потребно за да се направи оваа активност е скромен напор.

Нашиот Планинарски Клуб пред неколку години започна проект за прошетка на најмладите од нашата Општина во природа, и тоа заедно со своите родители.Оваа планинарска акција ја нарековме РОДИТЕЛИ И ДЕЦА на Кожуф планина. Акциите ни се осмислени со вкупна должина не повеќе од 10км поради тоа што имаме деца и од 5 годишна возраст, по питоми патеки по можност со што повеќе живописни пејсажи каде би можеле заедно со своите родители да уживаат во природата, и заедно сите деца преку дружба и игри да ја засакат природата и планинарењето. Вакви акции организираме најмалку два пати во годината, пролет и есен кога временските услови се погодни, а оваа есен акцијата ја реализиравме на 9ти октомври, со старт од село Серменин кое се наоѓа на падините на Кожуф планина, со предвидената патека с.Серменин – ман.Св.Илија – Виси Пи чешма – Волчка чешма – с.Серменин со вкупна должина од 12км. Дојде денот за реализација на акцијата, недела 9ти октомври на спортската сала во Гевгелија каде што е собирното место за нашите акции пред 8 часот почнаа да се собираат родителите со своите деца кои претходно беа пријавени во нашиот Клуб, вкупно 45 на број и со организиран превоз сите заедно се упатија кон с.Серменин. На влезот од селото од каде што беше и стартот на оваа акција, на насобраните учесници им се обратија со поздрав и мал говор околу патеката и правилата на движење водичот на акцијата Ивана Глигорова и Секретарот на нашиот Клуб Рената Тодова, а потоа секој учесник доби кроасан, шишенце вода и енергетско барче со што стартуваше акцијата. Акцијата имаше два водичи од нашиот Клуб како организатор, напред колоната ја водеше Ивана Глигорова додека назад внимаваше вториот водич Васко Стамков.

Учесниците се движеа по широк шумски пат, и со весел џагор пристигнаа до првата предвидена пауза а таа беше на манастирот Св.Илија, овде следеше пауза од половина час, а потоа повторно се продолжи со пешачење по предвидената маршута. Кога сите учесници пристигнаа на чешмата Виси Пи имаа поминато 4км. Овде, водичите заедно со раководството на Клубот донесоа одлука дека е сосема доволно за децата до тука имајќи во предвид дека не очекуваат уште 4км назад , а се донесе и одлука да се посети и водопадот Вера кој се наоѓа во селото. По паузата на Виси Пи чешма и учесниците освежени со барчиња, крем бананки и вода кои им беа поделени овде, продолжија назад кон село Серменин. На враќање поворно се направи пауза на манастирот, и од овде поделени во две групи (заради безбедност при посетата на водопадот)се спуштија во селото и го посетија водопадот “Вера”.По посетата на водопадот, сите учесници се собраа во центарот на селото пред селската продавница која за жал не работи веќе подолг период, овде на сите им беа поделени сендвичи, сокчиња, и пупички, а потоа од страна на водичот Ивана, а со помош на Секретарот и Благајникот на Клубот Рената Тодова и Аце Костадиновски децата беа анимирани со разни игри од натпреварувачки карактер. На крај како награда, сите деца добија импровизирани медали направени од чоколадца.

Така успешно заврши и оваа акција како и сите претходни акции од овој тип, каде што и децата и родителите беа презадоволни и со нетрпение ја очекуваат следната акција за нив.

За оваа акција имавме и спонзорикој ни обезбедија сендвичи, кроасани и води за секој учесник а тоа се Казино Фламинго Гевгелија, Жито Пром Гевгелија и сендвичара АПНИСИ Гевгелија, како и нашите членови подржувачи на акцијата кои обезбедија сокчиња, крем банани, чоколадца а тоа се Рената Тодова, Ивана Глигорова и Новаќ Лучиќ.

Погледнете ја галеријата со фотографии од акцијата.

Провери

Одиме на Врв – Родители и Деца

Одиме до врвот кој Ве освојува, со нешто Величествено Ве спојува. Нема зборови со кои …

Напишете коментар