Велат дека оној кој еднаш ќе ја запознае убавината на планината, тешко може да се откаже од неа. Тој ќе и се навраќа повторно и повторно, запознавајќи ја одново и одново. И секогаш ќе мисли дека нешто пропуштил, а планината ќе изгледа поразлична и поубава. Тргнувајќи од таа мисла, на 11.06.2023 година се организираше првиот хуманитарен ИНКЛУЗИВЕН планинарски настан од страна на З.П.С.К „KOЖУФ “ – Гевгелија, а под покровителство и иницијатива на Фондација ,,Ице Бегов” – Скопје – под мотото „ Ајде сите заедно во природа“. Бевме многу среќни, затоа што со нас беа многу деца и родители со кои заедно ги откривавме убавините на планината. Сите деца треба да добијат рамноправна основа за реализирање на својот полн потенцијал. Сите тие понекогаш имаат потреба од дополнителна или додатна поддршка исто како и секој човек на планетава Земја. Инклузијата ни е потребна на сите, некогаш даваме, некогаш примаме поддршка. Затоа сме луѓе!
На 11.06.2023 ние бевме на вистинското место – Кожуф планина. Планината е одлично место каде се рушат сите бариери. Се споивме со природата, родители и деца, без бариери и предрасуди. Успеавме да ги мотивираме децата на здрав живот, видовме насмевка на нивните лица и среќа во нивните очи, што значи дека нашата мисија беше успешна и целта постигната. Веруваме дека овој настан ќе прерасне во традиција и сите ќе го очекуваме со нетрпение, затоа што планината е ЉУБОВ. Голема благодарност до Фондација „ИЦЕ БЕГОВ“ за оваа наша заедничка активност, како иницијатори, кои несебично и безрезервно ја поддржаа истата и заедно продолжуваме понатаму во остварувањето на уште многу цели. Оваа несекојдневна активност на децата им донесе многу среќа и радост. ЗАТОА НЕКА ТРАЕ !!!
Благодарност до сите кои беа дел од овој настан и сите кои го поддржаа истиот:
- Фондација „ИЦЕ БЕГОВ“
- Црвен Крст Гевгелија
- Општина Гевгелија
- Фондација Аполонија
- Заре комерц – Гевгелија
- Русе комерц – Гевгелија
- Пекара ММ – Богданци
- Хартопласт – Гевгелија
- Баџо Дооел – Богданци
- Жито Пром – Гевгелија
- Епром електроник – Гевгелија
- Дон андон – Гевгелија
- Џил Шпедиција – Гевгелија
- Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес
- Дарио Коциров – Гевгелија
- Центар Мајка Тереза Гевгелија
- Дневен центар за лица со умерена и тешка попреченост – Гевгелија
- ЈОУДГ „Детска радост“ – Гевгелија
- Алфабет Печатница – Гевгелија
- Помекс – Гевгелија
- Фамилија Пенови – Гевгелија