Врв Калогерос – Прв обид, но не и последен

Фридрих Ниче: „ На планините на висината никогаш не се искачувате залудно. Или ќе достигнете повисока точка денес или ќе ги тренирате вашите моќи за да можете да се искачите повисоко утре. “Сабота и Недела 24 – 25.06.2023 год. 17 члена екипа планинари од Зпск Кожуф Гевгелија ја реализираа дводневната акција со маршрута: Прв ден Сабота 24.06.2023 год. Аџибарица – Марково Езеро – К92 – Зелен Брег, поставување камп на Марково Езеро. Втор ден Недела 25.06.2023 год. Марково Езеро – Караула Порта – Седло Порта – Караула Шаренка – Седло Дудица – Подножје Калогерос – Седло Калогерос – Марково Езеро – Аџибарица , двата дена вкупно се испешачија околу 40 км. Клубот за прв пат организира искачување на врвот Калогерос , за жал неуспешно, на 100м пред врвот акцијата е откажана поради дожд и грмотевици.Ова не се слики,разгледници се.Врв Калогерос – прв обид, но не и последен.

Провери

Планинарска акција РОДИТЕЛИ И ДЕЦА на Кожуф планина

Престојот во природа научно е потврдено дека луѓето ги прави посреќни. Кога сте во природа …

Напишете коментар