01 и 02 Септември екипа од 34 члена од Зпск Кожуф Гевгелија организираа и реализираа дводневна акција – искачување на два врва Скала и Митикас на планината Олимп, во соседна Грција. На 01 Септември од месноста Приониа (1100мнв) сите членови се упатија кон домот Spilios Agapitos Refuge A , кој се наоѓа на 2100мнв со поминати 7км и совладени 1000мнв. Одличните временски услови овозможија на 02 Септември во раните зори тргнување и успешно искачување директно до врвот Скала, од страна на 6 члена, кој се наоѓа на 2866мнв, додека 23 члена успешно го искачија прво врвот Митикас – 2917мнв, па Скала (во адреналински-алпинистички возбудлив стил: 4×4).
По спуштањето и кратката пауза во домот, сите членови имаа уште едно спуштање до Приониа, од каде што со организиран превоз пристигнаа до плажите на Скотина, каде што беа поставени кампови за преспивање, одмор и релаксација.03 Септември, повторно, одличните временски услови овозможија воспалените мускули и оптеретените колена да ги галат нежните морски бранови на плажите на Егејот.
Друга 4-ри члена екипа пак успешно ја реализира во еден ден целата рута: Приониа – Митикас – Скала – Приониа.По освоениот Олимп, со поминати 24км и совладени 1817мнв, изморените но презадоволни планинари се упатија кон своите домови, со врежан силен и незаборавен впечаток.Голема благодарност и пофалби до:Водичите и организаторите: Sase Dinev и Vladimir PavlovТранспорт: DE-KA, Демир КапијаАполонија Касино – за обезбедување сендвич и вода за секој член.