Mеморијален марш “Димитар Кангов-Кангата”

Изминатиот викенд по 19ти пат се одржа традиционалниот меморијален марш “Димитар Кангов-Кангата”, во чест и спомен на нашиот долгогодишен член. На меморијалот зедоа учество планинари од повеќе планинарски друштва, здруженија и граѓани, претставници на Црвен Крст – Гевгелија, како и ученици од локалните училишта, меѓу кои традиционално најбројни беа учениците од ООУ “Климент Охридски” – Миравци.

Беше искачен највисокиот врв на Кожуф, Зелен Брег (2172 мнв), по патеката од месноста Алчак – Марково Езеро – Зелен Брег. Најубавиот начин да го зачуваме споменот за оние кои не се меѓу нас е да ги спомнеме на местата каде што тие најубаво се чувствувале, на планинските врвови. Вечна му слава!!!

Провери

Одиме на Врв – Родители и Деца

Одиме до врвот кој Ве освојува, со нешто Величествено Ве спојува. Нема зборови со кои …

Напишете коментар