Momata Rock Trails 2023

Деветто издание на класиката Momata Rock Trail, кратка планинска трка на падините на Селечка Планина, во близина на Прилеп, Македонија.

Над 150 учесници учествуваа денеска на исклучителнио тешката планинска трка „Момата рок треилс 2023“, која по деветти пат се одржа на падините на Селечка планина. Трката е долга 21 км, со висинска разлика од 1.100 метри, а организатор беше Здружение за атлетски и планински спортови „Единак“ од Прилеп. Стартот и финишот беа пред манастирот Свети Димитрија, над село Селце, во близина на Прилеп.

Меѓу учесниците, на овој настан настапија и гевгелиските атлетичари, Валентина Узунова и Методија Ичев од ЗПСК „Кожуф“, како и Мијалчо Андоновски член на АК „7-ми Ноември“,И овој пат Валентина покажа дека со право е една од најдобрите треил тркачи во својата категорија во Македонија. Беше прва во својата конкуренција и трета во генералниот пласман.Методија Ичев и Мијалчо Андоновски во машка конкуренција трчаа во рамките на своите претходни резултати.Со ваквите настани Прилеп уште еднаш докажа дека е Центар за развој на екстремниите спортови во Македонија.

Преземено од Телевизија Нова – Гевгелија.

Провери

Mеморијален марш “Димитар Кангов-Кангата”

Изминатиот викенд по 19ти пат се одржа традиционалниот меморијален марш “Димитар Кангов-Кангата”, во чест и …

Напишете коментар