Посета на Стара планина во Бугарија и искачување на врв Свишти плаз 1882 мнв.

11 и 12 Ноември, два дена од 2023-то Лето Господово исполнети со убави чувства, прекрасни видици, напорни искачувања и дружење со пријателите од Бугарија Илијана и Димитар, кои само љубителите на планините можат да ги почувствуваат. 25 планинари на ЗПСК Кожуф од Гевгелија ја имаа таа привилегија, искачувајки се по врвовите Голема Занога со 1819 мнв, Мал Свишти Плаз 1614 мнв, Свишти Плаз 1888 мнв , спуштaјки се и поново искачувсње на Орлова Скала 1444 мнв и Главеш 1268 мнв.

Почетната точка беше од малото гратче Златица 620 мнв. По поминати 21 км и +Д 1450 м. Ние се вративме радосни но душите останаа на Златичко – Тетевенскста планина од планинскиот масив ,,Стара Планина во Бугарија. Таква убава приказна треба да се повтори .

Провери

Mеморијален марш “Димитар Кангов-Кангата”

Изминатиот викенд по 19ти пат се одржа традиционалниот меморијален марш “Димитар Кангов-Кангата”, во чест и …

Напишете коментар