Strumina Winter Trail Race 2023

ВАЛЕНТИНА УЗУНОВА ПРВА ВО КАТЕГОРИЈА, МЕТОДИЈА ИЧЕВ 12-ТИ НА „СТРУМИНА ТРЕИЛ ВО ШТИП

Денеска, недела, 26 ноември, во Штип се одржа деветтото издание на кратката ама слатка треил трка во околината на Штип. На стартот кој беше од пред СОУ Јане Сандански се појавија 157 атлетичари од сите краеви на Македонија.Боите на гевгелиските атлетичари ги бранеа Валентина Узунова, во женска и Методија Ичев во машка конкуренција од ЗПСК „Кожуф“ и Мијалче Андоновски, во машка конкуренција, како претставник на АК „7-ми Ноември“.

Валентина и овој пат ги покажа своите тркачки способности и со време од 2 часа 28 минути и 35 секунди, го освои првото место во категорија и седмото во женска комкуренција.Во машка комкуренција Методија Ичев на крајот беше на 12-то место.Патеката годинава беше со должина од 19 километри со 750 метри висинска варијација. На патеката имаше еден окрепувачки пункт во селото Липов Дол на 8,9 километри од стартот на патеката, а попатно тркачите минуваа покрај неколку изворски чешми, меѓу кои Струмина на 2,8 километри од стартот, Љупчова на 7,1 и Куртбунар на 17,5 метри од стартот.

Преземено од Телевизија Нова – Гевгелија.

Провери

Mеморијален марш “Димитар Кангов-Кангата”

Изминатиот викенд по 19ти пат се одржа традиционалниот меморијален марш “Димитар Кангов-Кангата”, во чест и …

Напишете коментар