АКЦИИ

КОЖУФ 18.01.2020

Денес 11 члена екипа на ЗПСК КОЖУФ Гевгелија реализираа кружна акција на Кожуф планина по патека : Планинарски Дом Томе Шутов Кротки – Манчева Пресека – чешма Нирла – с.Серменин – Планинарски Дом Томе Шутов Кротки и пропешачија 15км со совладена висинска разлика од 670м.

Повеќе »

Василица (Стара Нова Година) 2020

По повод празникот Василица (стара нова година) ЗПСК КОЖУФ Гевгелија традиционално во својата канцеларија се собра да го прослави овој празник со кршење леб со паричка. Оваа година паричката се падна во нашата млада планинарка Елена.

Повеќе »

Двете Уши 1766м. КОЖУФ 12.01.2020

Денес 12 члена екипа на ЗПСК КОЖУФ Гевгелија реализираше акција на Кожуф планина по патеката Планинарски Дом Томе Шутов Кротки – Манчева Пресека – Сиглица – врв Двете Уши 1766м. – Планинарски Дом Томе Шутов Кротки. Планинарите секој со својата физичка подготвеност испешачија дел од оваа патека, додека нај спремните …

Повеќе »

Чичи Каја 1767м. КОЖУФ 04.01.2020

Традиционално како и секоја година така и оваа 2020та ЗПСК КОЖУФ Гевгелија ја стартуваше со искачување на врв Чичи Каја 1767м. на нашата Кожуф планина. Планинарите акцијата ја стартуваа од под Асана Чешма до врв Чичи Каја и назад, со што поминаа 8км и совладаа висинска разлика од 558м. Со …

Повеќе »

Летна обука на Пелистер!

Во месец Мај на Пелистер се одржа летна обука за планинарски водичи при Федерација на Планинарски Спортови на Македонија. На последниот ден од оваа обука, кој беше ден за испитна акција учествуваше и нашиот член а воедно и Претседател на нашиот Клуб Каркалашев Ристо.

Повеќе »