Нашиот Клуб ЗПСК КОЖУФ Гевгелија располага со единствениот Плананинарски Дом на Кожуф планина од Гевгелиска страна, а тоа е Планинарскиот дом “Томе Шутов-Кротки”.
Домот се наоѓа во село Конско на одалеченост од Гевгелија на 20 километри. Домот располага со 23 кревети (две соби со по 10 кревети на спрат и една соба со 3 кревети), кујна и простор за дневен престој, голема училница во која може да се одржуват состаноци и предавања, WC, снабден е со питка вода, а во дворот на домот има клупи и маси за одмор и дружење како и летна кујна. Во домот нема струја, но моментално за осветлување имаме светилки на сончева енергија.
Од планинарскиот дом има уредено и маркирана патека до познатиот врв на Кожуф планина врвот Двете Уши 1766 м.н.в.
За искачување на овој врв со старт од домот ви се потребни 3-4 часа. Домот е одалечен од локалитетот Смрдлива вода 4км. од каде тргнуваат повеќе патеки кон останатите врвови на Кожуф.
Со домот располага нашиот Клуб
Здружение Планинарски Спортски Клуб Кожуф Гевгелија.
Секој кој е заинтерсиран да ги посети убавините на Кожуф а притоа му е потребно место за ноќевање планинарскиот дом му е на располаѓање, за ноќевање во Домот потребно ви е навремено најавување на Facebook страницата на домот
ЗПСК Кожуф.