Планинарско Друштво Кожуф Гевгелија е формирано далечната 1952г. од наши сограѓани, преживеани борци од НОБ, а за прв Претседател на ова планинарско друштво бил избран прекалениот борец Тодор Георгиев – Митре од Гевгелија. Во тие повоени години, најмногу искуство со планинарење имаат луѓето што за време на војната биле по нашите планини, а борците од Гевгелија и Гевгелиско биле стационирани на питомата планина Кожуф.
Во првите години од формирањето на нашето планинарско друштво, во него биле зачленети повеќе возрасни луѓе, со поголемо искуство за движење по планини во секакви услови.
Нашето планинарско друштво, почна поинтензивно да работи организирајќи почесто планинарски маршеви во 1974г. кога за Претседател на друштвото е избран судијата Ристо Танев, а за секретар на друштвото младиот работник во тогашното собрание на општината, колегата Димитар Ичоќаев од Гевгелија.
Во периодот после 1995г. следат најголемите активности на друштвото,
– Монт Блан 4807м. Алпи 1995г./ 2017г.
– Аконкагва 6962м. Анди – Јужна Америка 1997г.
– Килиманџаро 5895м. Африка 1998г.
– Елбус 5642м. Кавказ 2014г.
– Триглав 2864м. Словенија 1997г./2002г./2011г./2014г.
– Пиз Бое 3152м. и Мармолада 3343м. Доломити – Италија 2014г.
– Арарат 5137м. Турција (зимско искачување) 2015г.
– Ленин врв 7134м. 2015г. Киргистан
– Гросглокнер 3798м. Австрија 1997г./ 2015г.
– Дамаванд 5671м. Иран 2012г./2017г.
– Исланд Пик 6198м. Хималаи
– Денали 6183м. Аљаска
И безброј други искачени врвови и планинарски маршеви во републиката и низ европа.
Планинарското Друшво Кожуф Гевгелија во 1999г. е добитник на златна 7мо Ноемвриска плакета, која општината му ја додели на друштвото за посебен придонес за развој на планинарството во Гевгелија, во 2014г. од страна на ФПСМ Федерација на Планинарски Спортови на Македонија на друштвото му е доделена златна плакета Даре Џамбаз за постигнати извонредни резултати во планинарството во 2014г. додека во 2016г. повторно федерацијата го наградува друштвото со плакета Даре Џамбаз за долгогодишна активност и придонес за развивање на планинарството, во 2018та година повторно го вративме приматот на најдобар Клубот во Македонија, доделено (Признание за постигнати извонредни резултати во планинарството во 2018г.) од страна на Федерацијата на Планинарски Спортови на Македонија со уште три други Клубови .
Друштвото во 2018г. е пререгистрирано и усогласено по новите закони на Р. Македонија и од Планинарско Друштво преминува во Здружение Планинарски Спортски Клуб КОЖУФ Гевгелија.
Моментално Клубот брои околу 70 членови од кои освен од Гевгелија има и од Валандово, Неготино и Софија Бугарија, денес единствена цел на Клубот е да го развива планинарскиот спорт меѓу граѓаните а најмногу кај младата популација, поради тоа се потпишани меморандуми за соработка со сите средни и основни училишта од Општина Гевгелија и Општина Богданци со кои се обврзавме заеднички да соработуваме со организирање на акции во природа, предавање за планинарство и планинарењето, и уште многу други активности со кои ке им го приближиме планинарството.