Зачленете се

СТАНЕТЕ ЧЛЕН НА ЗПСК КОЖУФ ГЕВГЕЛИЈА

Почитувани граѓани љубители на природата, за да станете член на ЗПСК КОЖУФ Гевгелија треба да пополните ПРИСТАПНИЦА со ваши податоци која се доставува до Клубот, и да платите чланарина за тековната година.
ПОСТАПКА ЗА ЗАЧЛЕНУВАЊЕ :
1. Ја пополнувате ПРИСТАПНИЦАТА која можете да ја преземете од ОВДЕ
Пристапницата можете да ја пополните и по електронски пат да ја испратите на емаил адресата на клубот [email protected] или да дојдете во канцеларијата на Клубот за време на состаноците секој понеделник и четврток од 20 часот.
2. Уплата на чланарина
Чланарината за тековната година изнесува
– за ученици до 18 години (не се наплаќа)
– за студенти до 27 години  150ден.
– останати над 18 години 300ден.
– членската книшка изнесува 30 денари ( со важност од 9 години)